Самоубиство

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Јас сум против самоубиство многу ми е криво кога ќе слушнам дека некој извршил самоубиство без разлика дали е од мојот град дали сум го познавал тој човек или сум слушнала на вести..за се има решение во животот јас никогаш не сум помислила на самоубиство ..
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Во темава има многу површни одговори за нешто толку длабоко како што е самоубиството.
Да кажам уште од старт дека НЕ ГО ОПРАВДУВАМ, која сум јас да осудам или да оправдам.
Ништо не е доволно вредно за да се стори ваков чин, финансиски или љубовни проблеми како што некои напишале, точно. Но, што кога причините се многу подлабоки? Прво и основно луѓето кои се способни да извршат самоубивство имаат сериозни психички проблеми и „демони“ во главата, а тоа според мене е нешто со што е тешко да се носи човек и дефинитивно е за жалење, а не за осуда. Самоубиството од една страна е кукавички чин, но од друга страна потребна е огромна храброст за да се стори.
Лично јас сум имала тешки периоди во животот, но ниту еднаш не сум помислила на самоубоство.
Морам да кажам дека потполно се согласувам со Бобо за примерот со Петко. Лесно е да се каже, но да се изгуби се што имаш и да останиш при здрав разум е многу тешко. Не дај Боже, секој во таква ситуација би полудел, би бил на работ. Тоа нешто што на никој не му го посакувам. Познавам една жена која прво го изгуби сопругот, а потоа во рок од една година и двете деца. Жената остана психички здрава, но и самата признава дека милион пати размислувала за самоубиство, но никогаш немала доволно храброст, што укажува на јак карактер и здрава состојба на умот. Но, на моменти полудува во тие четири ѕида, во таа осаменост, со години.
За се во животот се трудам да се ставам во туѓа кожа за да можам полесно да ги сфатам постапките на луѓето, па и за ова.
Така да...јас не би ги осудувала така лесно оние кои се одлучиле на ваков чекор. Да не бидам погрешно сфатена пак ќе повторам дека не го оправдувам самоубиството и сум ПРОТИВ дури и да се помисли на такво нешто, но не ми се допаѓа кога некој премногу лесно се дрзнува да им суди и да плука по оние кои одлучиле сами да си пресудат.
 

Black Hawk

Нов член
11 јуни 2012
24
15
3
33
тоа се луѓе кои најчесто се разочарани од нешто во животот....
а да...и го оправдувам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
За некој тоа е единствено решение?Ма дај...и што сум решила на крај со тоа?Останатите ке живеат а јас ке гниам под земја.Ке ме поплачат,ке ме заборават а јас ке се распаднам долу|-(
Зад себе ке оставам проблеми зошто сум мислела дека немаат решение?За се има решение,освен за смртта.
Заради љубов да се убијам?заради некое мочле?Да бе,нека се самоубие тој зошто јас?
И не знам зошто ги спомнувате тие сообракајни незгоди и глупости?се случуваат такви работи.Готово.
Ако не може да си помогне сам себе постојат психолози за да му помогнат,лугето од неговата средина,јас не гледам причина да си посегне по својот живот.
Како што кажа некој,да не глумеме БОГОВИ.
Да,сум била во лоша и речиси безизлезна ама ни на крај памет не сум помислила за тоа туку ми помагале други работи.
Али јебига,секој со свој карактер,секој си одлучува сам за себе ама ова е мое мислење.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ехеее колку пати до сега сум помислил да се самоубијам. Али на крај ништо.
 

Препознатлива

Истакнат Член
27 јуни 2012
119
94
328
Не сум помислувала на самоубиство барем не при здрав разум. Нормално е да се помислува на тој чин во ситуации на некоја психичка нестабилност или при стрест, но јас никогаш не би си го одзела својот живот. И не го оправдувам самоубиството ни во никој случај. Не е тоа решение за спас...
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Човечката психа ти е многу зезната работа.
Ништо не е толку едноставно.
Да не се разбереме погрешно, воопшто не оправдувам самоубиство.
Според мене треба храброст и карактер да се бориш и да идеш понатаму во животот.
Не е воопшто лесно, никој не рече и дека е.
Но што е со луѓето што остануваат после него, неговите најблиски, како ќе им биде нив.
Јас лично сум имала неколку навидум безизлезни ситуации, но никогаш не сум го гледала самоубиството како решение.
Имам еден пример, мој прв братучед, ги има изгубено и двата родитела и својот брат.
Многу пати сме правеле муабет колку е тешко да изгубиш толку битни и незаменливи луѓе во животот,сме збореле и за самоубиството воопшто како тема, ама пак никогаш не посегнал по својот живот. Човекот женест си е со деца и се, и секогаш ми вика дека снагата за понатаму си ја црпи од семејството.
Секој со својот карактер.
Мислите него не му било тешко, дека не му недостасува семејството.
Ама ако реши да се самоубие, што понатаму?????
На неговите деца и жена, како ќе се одрази на нивната психа.
Според мене самоубиството е крајно најсебичен потег што некој може да го направи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Некаде напред прочитав дека самоубиството било тешка работа и за тоа е потребен карактер, храброст. Боже мили...:eek

По Кукавичка работа, по себична, грешна., не постои од Самоубство!!!

Кој рече дека животот е лесен, дека се треба да се добие на златен послужавник?? Животот е се освен лесен.
Сега слушам многу млади, симпатијата им заминал со друга ...лелел ќе се самоубием , не сакам да живим бла бла бла. Размазени дечишта. Седат дома , ништо продуктивно не прават ниту за себе ниту за фамилијата и одеднаш ќе се накљукаат апчиња ќе се сечат вени и не знам уште што.
Прашајте ги бабите дедовците дали имале време да помислат на самоубиства , работеле од деца мали по ниви по лозја како робови, дома помагале како слуги , оделе на училиште, играле надвор, и не кукале по тоа што го немаат, туку уживале во она малку што го имаат.

А убици, силователи, педофили, и не знам уште какви не други ненормални и штетни луѓе, такви кога ќе слушнам дека се самоубиле е само тогаш ми е сеедно, (пак им е казната мала, ќе затворат очи и толку од нив, море да патат треба) Инаку го осудувам чинот, и се осудувам себеси што во некои психички падови, сум помислила дали би направила добро со моето непостоење на светов. Сама нема да си пресудам , Господ кога ќе мисли дека сум ја завршила задачата тука на земјава, сам ќе ме повика. Неповикана никаде не одам!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
Познавав двајца кои се самоубија поради некоја x причина која им ја налагала сектата во која членуваа. 17-18 годишнаци.
За мене самоубиството е доказ на слаб карактер, не знам, можеби така мислам бидејќи премногу си го ценам животот и би сакал да бидам присутен што е можно повеќе на овој свет.
Али откако ја прочитав ИДИОТ од Достоевски ми дојде и една друга мисла. Имаше таму еден болен од туберкулоза со уште 2 недели живот шо сакаше да се самоубие. Имаше и скриени мотиви во тоа, секако ќе умреше, а веста дека ќе се самоубие ја кажа пред поголема група на луѓе ( според мене со цел да добие сожалување ) таман се реши да пукне, пиштолот не испука бидејќи случајно или не заборавил да го стави куршумот. ( според раскажувањето, не се исклучува и можноста тој навистина да заборавил да го стави ). После тоа 2=3 дена падна во депресија и уште повеќе се разболе по таа случка, сметаше дека сега луѓето уште повеќе го презираат. Сепак тој не проба пак да изврши таков чин и умре од туберкулоза после 3 недели.

Е сеа значи ми дојде да помислам дека за еден ваков чин навистина е потребна и храброст и тоа голема. Можете да замислите, да се внесете малку повеќе во психологијата на овие луѓе и да претпоставите колкави бури на измешани чувства им се вртат во главата, се осеќаш слаб и немоќен, а воедно треба да собереш и огромна храброст да се откажеш од самиот себе си.

Сепак ако некој навистина се реши на самоубиство нема никогаш ни најмалце да се обидам да му ја сменам одлуката, напротив би му помогнал. Кога човек сам, тотално ќе престане да се цени себе си, тогаш не заслужува ни трошка од моето сожалување.