Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
После тебе јас веќе не верувам дека постои љубов. Ама што знам јас во врска со љубовта? Бев немоќен пред тоа лажно ангелско лице, а на крајот од приказната сфатив дека јас сум само човекот кој ја продаде својата душа на ѓаволот.
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
IMG_20210228_090550.jpg
"За секој ден кога има сонце, ќе има денови на дожд. Тоа е начинот на кој танцуваме во нив, што ја покажува нашата болка и љубов"
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Некогаш правам пиши-бриши на пораките, сепак оставам да пишеш кога си спремен.
Вечерва само чувствувам потреба накратко да кажам дека искрено жалам за тоа како испаднаа работите.
И да повторам: тука сум за разговор. Кога и да сакаш/можеш...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кога човек е во скоро безнадежна состојба, една од стварите која враќа надеж е тоа дека некогаш, за момент, на дофат бил еден прекрасен живот. И покрај тоа што тој живот бидна оневозможен поради каприц на судбината, сепак сеќавањата на тој период секогаш ми измамуваат насмевка и црвенило на лице. Иако сум огорчен, сепак сум благодарен за тој период колку и да траеше.

Муабетот на друга тема ме потсети на местото кое го купив, 4 декари со одлична трева, не верувам дека била садена туку самоникната, со подземна вода која овозможуваше тотална независност.
Кога за прв пат ја изнесов идејата за тоа на мојата љубов, беше малку скептична.
Но кога во живо го виде местото, сјајно зелена рамна ливада, кога и објаснив што и како ќе биде изградено, кога со сета своја petit redhead amazing sweetness застана зад единственото дрво на имотот а.к.а. стар, огромен орев кој овозможуваше дебела сенка за планираниот cottage, никогаш нема да си дозволам да ја заборавам нејзината насмевка и израз во очите, кога сфати дека ќе можеме да имаме свое животно катче, дека ќе имаме место за големо, весело и среќно семејство.
Тоа што беше барем два пати поинтелегентна од мене секако помогна во сето тоа.
Колку пати во животот човек наоѓа жена која има доверба во плановите за заеднички живот кои ги предлага партнерот? Кој знае...

Каде и да е денес, се молам да биде најсреќна жена на светот.
 

Doreah

Староседелец
14 јули 2013
16
42
1,013
Hey there! Long time no see.
Барав нешто низ прастар меил и наидов на меилови од форумов, па ми текна на овој акаунт, и следствено, на тебе. Ѕирнав низ стари мислења и накратко се навратив на минатото, па си реков да и дадам завршница на приказнава. Знаеш колку мразам недовршени работи. Нејсе...

Последното мислење пред 5 години, сасвим случајно, ми е од денот кога последен пат те видов. Набрзо потоа сфатив дека за да продолжам понатаму, морам целосно да те отстранам од мојот живот. Едно од најтешките нешта што било кога сум ги направила. Те избришав од телефон, од социјални мрежи, прекинав контакт со сите луѓе кои ни беа во заеднички круг, избришав слики, пораки, се' што потсетуваше на тебе и полека но сигурно, почнав да зацелувам. Фала ти најмногу на свет што ми остави доволно време за тоа пред да се обидеш повторно да стапиш во контакт.

Во меѓувреме, јас ја запознав љубовта на мојот живот, човекот што ме прави среќна на начин на кој ти никогаш не ме правеше. За волја на вистината, не се ни потруди. А гледам и ти си веќе некое време во среќна врска. Вистинска врска. Онаква за која велеше дека никогаш нема да имаш. А јас ти кажав дека ќе се појави некоја што ќе ти го сврти светот за 180 степени и ќе направи да се препуштиш. Знаев и тогаш дека јас не сум таа некоја, и ми беше криво за тоа. Сега сум среќна. За мене. За тебе. Кој би рекол дека за 5 години од тој последен момент кога ни се сретнаа погледите на секунда, пред да свртиш глава и да поминеш крај мене како крај странец, животите ќе ни се толку различни. Јас, во друга држава, со човек покрај кој се чувствувам спокојно и со кого сакам да имам деца. Ти, со жена со која градиш заедничка дома, и со која не се плашиш од иднината. Навистина ми е мило. Затоа што, и покрај тоа што кон мене испадна идиот, ти не си лош човек. И ја заслужуваш сета среќа на планетата.
Остани среќен секогаш.
Нека ова биде моето збогум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Можеби и ќе те посакав,
да беше сѐ поинаку,
немирно и темно,
ко твојте очи,
во свеќата со прстиве згаснато,
долго и болно,
во срцево истетовирано.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кој би можел да знае?
Кој би можел да ја претпостави трагедијата?
Кој би можел да ги чува спомените сето ова време?

Колку само најомилен дел од денот ни беа утрата.
Будењето, погледот на неа, без шминка и со бушава коса, а сепак најубавото нешто на светот во тој момент.
Мојот завет дека никогаш нема нашето утро да го земам здраво за готово.
Првата ствар после отварање на очи беше поглед на неа. Доколку беше будна, и посакував добро утро со соодветна придавка, најубава моја, најсакана моја, обожавана моја, феноменална моја и се во таа смисла. Доколку не беше будна си го чував ритуалот за подоцна кога ќе се разбуди.
И откако ги исцрпев сите комплименти во форма на придавки за неколку месеци, се префлив на англиски, за да можам да продолжам да ги кажувам без да ги повторувам истите или барем да ги повторам со растојание од некој месец. Во тој убав ритуал место си најдоа и придавки од други јазици кои рандом сум ги запаметил низ животов како белисима, маја љубимаја или вундербар или некои југословенски изрази.
Добро јутро, највољенија моја.
И свртувањето за 180 степени во креветот со цел да бидам над неа, очи во очи, да го започнам денот со поглед во нејзиниот поглед, со нејзината насмевка, со нејзиниот глас.

Не знам........мора да постои нешто во уредувањето на овој универзум кој не толерира речиси совршен меѓучовечки однос, таква среќа и радост е забранета, оневозможена, блокирана. Ајде што човек не верува во такви работи но понекогаш се сомнева дека тоа е така, дека има нешто грозно и зло во брановите на судбината. Едноставно не смее да постои толкава среќа помеѓу две души кои си направиле некој свој свет, далеку од сивата реалност на секојдневието кое беше драматично олеснето со по една насмевка, една изјава, еден доooooлг бакнеж.
 
Последна промена:
  • Love
Реакции: MoonFairy