Ќе го украдам небото и во твојот поглед ќе го сокријам. И онака кога ме гледаш во нов универзум душава ми ја носиш.
Ќе ја киднапирам месечината, твојата насмевка нека ја осветлува ноќта. И онака кога се смееш ги озрачуваш сите дупки каде ни сонцето зрак никогаш не успеало да пушти.
Ќе ги заробам сите ветрови, твојата страст нека ги милува човечките лица и осамените дрвја. И онака кога ме допираш помислувам дека Еол те створил.
Жено што во мои раце поток стануваш и течеш како да си вруток. Вруток љубовен. Светицо што кога ме бакнуваш светоста на миг на овој земјен најгрешник му ја пренесуваш.
Тебе жено, тебе моја светицо, тебе ти ги должам сите секунди на земјава. Тебе, тебе ти ги подарувам сите зборови што некогаш сум ги запишал и никогаш не заборавил.
Прости им на хаотичниве мои мисли што не знаат што побрзо да исплукаат, прости им што не знаат каков збороред да изберат за да ти кажат дека тебе ти припаѓаат, дека твои се. Како што е твое она што сум бил, она што сум и она што ќе бидам. Никогаш претходно не сум бил толку сигурен, ниту денот кога го заигравме нашиот прв танц, дека ако Семоќниот креатор постои, мене ме создал за да те љубам тебе, како што никогаш нема да можам да се љубам себе.
Некогаш те викав мое малечко девојченце, од денес ќе те викам мое големо сѐ.