Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ко да има што да се кажува.

Треба да престанам да не сакам промени. Промените се добри и треба да се случуваат затоа што со нив се бележи напредок. Е убаво сето тоа ама јас не сум човек што многу сака промени и изненадувања чисто ради фактот што не секоја девијација води кон прогрес (ете Френк Запа не го потенцирал тоа) и секогаш има можност да направам промена која не води кон напредок. Е таму спаѓаш и ти, промена која може да не води кон напредок туку кон уназадување. Којзнае колку време размислувам и се обидувам да предвидам каква промена ќе бидеш ти во дадена ситуација и дали воопшто имам можност да реагирам ако нешто тргне удолу. Уште немам одговор, огромен број празни сценарија кои никогаш не се случиле и сите освен едно нема никогаш ни да се случат. И? Кое сценарио е тоа?

И дур си размислувам јас ти си којзнае каде. Бем ли га ја каде си ти... не ми е ни битно, секако не сум таму барем да те видам од некое ќоше без да знаеш воопшто. Хех, дури пишувам ми дојде мисла и споредувам ситуација со квантна физика, има еден дел кој што вели дека самото набљудување ја менува реалноста. Инкорпорирано во ситуацијава, дури и да набљудувам од далеку без да забележиш пак нема да ја добијам реалноста. И тоа поврзано со теоријата за детерминизмот тотално се вклопува во ситуацијата, затоа што дури и некој сосема трет да ме забележи ќе ја измени ситуацијата. Можеби баш поради тоа што ме забележал ќе се скрши чаша, ќе настане тепачка и ќе се расипе вечерта. И пак бесконечна низа можни сценарија кои нема да имаат шанса да се случат... Ај доста е, забегувам со муабетот.

Не сум јас крив, универзумот така сака. Предетерминирано е да се случува ова.
 

Alaysa

Полноправен Член
17 декември 2015
68
15
18
Ќе ти кажам збогум без глас и без трага, пошто го заслужуваш моето "ништо", а тоа ништо ќе се претвори во СЕ, но само тогаш кога ќе биде предоцна.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Сигурно знаеш, сум ти кажала безброј пати...
Те сакам...
Сакам да се будам покрај тебе...
Сакам да те гледам насмеан...
Го сакам твоето присуство...
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Ete sea ke pisam na latinica a znam deka ne smeam ama moram da napisam!!
Se blizi 31..
Odvaj cekam.. Kako sto se nablizuva toj prv den se povozbudena sum.. Znaes, ovaa nova godina tazna ke mi bide.. Uste od sega euforijata vo ova malo mestence me ubiva.. Site se srekjni, veseli.. A mene sekoj den mi se ronat solzi po licevo.. Fali del od mene. Toj del ti ne mozes da go nadopolnis no zatoa mozes mnogu raboti! mn raboti koi me pravat srekjna..
Ama samo pokraj tebe! i znam, znam deka toa utro, pocetokot na novat godina ke bide posrekjno od prethodnata godina.. ke bides vo moi pregratki, toa utro.. mozebi ke spies, mozebi pred mene ke se razbudis.. ne znam, ne sakam da zamisluvam..
Sakam samo da se sluci.. i ke ostanam na toa.. Samo neka se sluci najubavoto hani .. te sakam!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ми викаш дека сум посесивен и себичен... каков да бидам кога сакам твоите очи да ме имаат само мене во зениците, твоите усни да се придвижуваат со насмев само кога името мое го изговараат, а телото да ти трепери само кога јас сум во твоја близина...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Andonisus

Истакнат Член
29 септември 2015
18
33
313
Оваа година би ти ја посветил тебе. Не прашувај зошто или како или што... Само тебе.
Само, победи го инаетот, победи се себеси (егото), победи се пред себе, пошо знам дека можеш, биди среќна. Колку и да негираш, секогаш ќе бараш дел од таа стара будала со која си била, секогаш ќе ти фали тоа нешто. Шпанскава серија редно е да прекине, убаво ми беше со тебе, најубавите моменти.
Ти дадов се што можев, и се што имав, и не ти беше доволно. Другото не знам како. Не знам кога, лош сум со тајминг. Не знам, функционирам со ладната логика на универзумот, сето што е поинаку досега ме повредило. Овојпат, се ме повреди и доволно ми беше. Ладниот, без емоции, болен гад и психопат или како и да го викаш веќе, ми се исплати повеќе. Знам, не си ти крива, јас сум, тој клише муабет кој многу често се слуша насекаде, само префрлање вина. Сам си ја префрлам, не мораш ти, јасно ми е, се ми е јасно. Немам розеви наочари за да гледам поинаку, сиви се, сиви и болни.
When I'm sober... When I'm healthy and well... I hurt people. I'm lethal. I drink to weaken the machine they made... и ова ти е јасно, за жал го осети на твоја кожа, i was healthy and well...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Tantara