Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ќе го украдам небото и во твојот поглед ќе го сокријам. И онака кога ме гледаш во нов универзум душава ми ја носиш.
Ќе ја киднапирам месечината, твојата насмевка нека ја осветлува ноќта. И онака кога се смееш ги озрачуваш сите дупки каде ни сонцето зрак никогаш не успеало да пушти.
Ќе ги заробам сите ветрови, твојата страст нека ги милува човечките лица и осамените дрвја. И онака кога ме допираш помислувам дека Еол те створил.
Жено што во мои раце поток стануваш и течеш како да си вруток. Вруток љубовен. Светицо што кога ме бакнуваш светоста на миг на овој земјен најгрешник му ја пренесуваш.
Тебе жено, тебе моја светицо, тебе ти ги должам сите секунди на земјава. Тебе, тебе ти ги подарувам сите зборови што некогаш сум ги запишал и никогаш не заборавил.
Прости им на хаотичниве мои мисли што не знаат што побрзо да исплукаат, прости им што не знаат каков збороред да изберат за да ти кажат дека тебе ти припаѓаат, дека твои се. Како што е твое она што сум бил, она што сум и она што ќе бидам. Никогаш претходно не сум бил толку сигурен, ниту денот кога го заигравме нашиот прв танц, дека ако Семоќниот креатор постои, мене ме создал за да те љубам тебе, како што никогаш нема да можам да се љубам себе.
Некогаш те викав мое малечко девојченце, од денес ќе те викам мое големо сѐ.

 

Doreah

Староседелец
14 јули 2013
16
42
1,013
И сеа што праиме?
За кого ќе плачам јас отсега? За кого ќе пишувам патетични постови по форуми? Кој ќе ми шета по цела ноќ низ мислите и нема да ме остава да спијам?
За кого ќе се измачувам сега откако те исплакав, откако ми помина лутината, откако ти простив, откако те отсакав?
Се навикнав на тебе. Се навикнав да ти посветувам жалопојки, да те сакам и мразам истовремено. Да ти се лутам, а да сакам да си до мене. Да сум свесна дека не сме еден за друг, а пак да те посакувам и да правам се за да те имам.
Сега осеќам празнина. Мојата мазохистички настроена душа изгледа има потреба од некој кој ќе ја распарчува. Или можеби некој кој ќе ја исполни со среќа. Проблемот е што јас веќе не сум сигурна дали знам да бидам среќна. Премногу време и труд посветив на тебе, на нас... или на идејата за "нас". Сега дури и да наиде некој кој ќе го заслужува тоа, нема да бидам спремна да му го дадам. А можеби и подобро е така. Убаво би било да си посветам некое време себеси. Да живеам со себе, за себе. Да си пружам љубов, нежност и внимание. Да си бидам центар на вниманието.
Не ми се верува дека после се, буквално преку ноќ те преболев. И за прв пат после многу долго време, чувствувам спокој.

Џабе јадам г**на, ќе мора да си барам нова инспирација за пишување, инаку ми пропадна блогот. :D
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Давајќи ти ја слободата да одлеташ од мојата душа, си ја чувствувам иста таа душа своја,потполно.
Не си потребен , ни ти ниту било кој.
Во моите очи можеби го гледаш сјајот, можеби не, но не е битно. Повеќе ја сакам далечината одколку вештачката близина. Не се борам за твојата насмевка, ниту за било која друга насмевка. Никој не ми е потребен, посебно тој кој мисли дека е повеќе потребен во некои други светови...
Немам време за губење од својот живот на луѓе на кои не сум им битна. Верувај, никогаш не ми било подобро од гушнатата вистина.
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Ми недостига времето кога „се возевме“ заедно. По некое време почнавме паралелно, а сега ти возиш позади мене цело време и колку и да успорувам, пак си зад мене. Мислам дека немаш ни желба да ме стигниш..Ако воопшто си свесен дека вака гледам на патов наш...наш?!? хм :/
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ми недостигаш.Со тебе се беше некако полесно и така едноставно.Животов ми беше обоен,се така магично.
Ми недостигаш.
И незнам дали е ова пријателство или повеќе од тоа..сакам да ми бидеш дел од животот Не мораш да ме штитиш од твоето минато.Не мораш да ме штитиш од себе.Тоа.. Девојчето во мене, го сака момчето во тебе.Обожавам да цртам по ѕидови со тебе,сакам кога твориме заедно,сакам кога лутаме по улиците бесцелно набљудувајќи ги минувачите..Сакам да ти ги анализирам мислите кога ќе се изгубиш некаде далеку во нив во тој твојот свет.
Сакам кога ме прашуваш по илјадити пат што ми е..Сакам да се расправам со тебе и да ме наречеш Лена 360ка затоа што сум лута.

Оh man...Ich vermiss dich so sehr.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Утрово бев емоција излиена во тебе , а сега сум само мисла, нежна во ноќта.
Додека ме стискаше во прегратка мислам светов го имав во неа собрано, и со секое твое подигање на градите дишев јас...овојпат поинаку, подлабоко...по долго време вдишував спокој.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Сакам да ти кажам ти посакувам ноква да ги имаш моиве мисли, моиве солзи да те запечат, да си одговориш на моите прашања, но искрено на себеси.
Јас ги знам одговорите. Јас не сум чудна, само ти навестив дека не сум ни слепа , ни глува, ни лоботомирана, ни без срце...Грев е кога некој го правиш од паметен- будала. Грев е кога сопствените зборови си ги газиш. Грев е кога не застанеш машки и ги кажеш зборовите со вистинско име, па и какви и да се.
Се повлекуваш ко п..ка на секој проблем. Ги туркаш луѓето кои те сакаат. Ајде кажи за кого си се борел некогаш во животот да го задржиш? Уништуваш се што ќе допреш, пепел го правиш.
 
Последна промена: