И така јас пак, по не знам кој пат си плачам поради тебе. Мислев дека завршивме со тоа, ама очигледно уште те немам исплачано. А Господ ми е сведок дека за сите претходни вкупно не сум плачела толку колку за тебе. Се прашувам со што го заслужив ова. Сигурно е карма - ми се враќа за сите луѓе што ги имам повредено, за сите грешки што ги имам направено, за сите срца што ги имам скршено, за сите празни зборови што ги имам изговорено, за сите лажни надежи што ги имам дадено, за чоколадата што ја украдов од продавница како мала, за пенкалото што и го скршив на најдобрата другарка во второ одделение, за 5ките што ги добивав во средно со препишување на тестови, за вежбите на факултет кои сестра ми ги решаваше место мене.... Ти си мојата казна за се лошо што сум направила во животот. Ти со твојата незрелост, несигурност, непромисленост. Ти со твоите чудни сфаќања за животот и за љубовта. Ти со твојата претпазливост предизвикана од тие што те повредиле во минатото. Ти си мојата болка. Мојата горчина. Мојата нерешена загатка. Не си прв што ми го скршил срцето. Ама прв си што ми ја скрши гордоста. Веројатно и затоа толку ме болиш.
А не те ни сакам толку многу. Сум сакала многу повеќе. Реално, не си нешто посебно. Не вредиш толку. Не ни бев којзнае колку среќна покрај тебе. Онака, се беше просечно. Стварно не знам зошто баш ти си тој кој успеа најмногу да допре до мене, единствениот пред кој сосема се отворив, си ја разголив душата. И ти на таа душа остави лузни. Знаеш ли што ми направи? Свесен ли си, а? Знаеш ли дека јас после тебе никогаш нема пред никого да се отворам, нема на никој да дозволам да допре до најдлабоките делови од моето битие??? Знаеш ли колку време ќе треба да помине пред да можам целосно да се предадам, да верувам некому, да бидам нечија?
Ќе ме полудиш, да знаеш. Таман ќе почнам да те преболувам и од никаде пак се појавуваш. Ме уништуваш одново и одново. Ме распламтуваш само за пак да ме изгаснеш. И цело време така во круг, додека од мене не остане само пепел. Ме извлекуваш од една провалија само за да ме турнеш во друга, уште подлабока. Цело ова време ЈАС се трудев да не те повредам или навредам ТЕБЕ. А ти што направи? Што? Со што заслужи толку внимание? Со тоа што си шармантен, духовит, добар во кревет? Постојано ме газиш, а јас упорно продолжувам да ти се местам под нозе за да можеш да ме прегазиш уште еднаш. А добро ми тргна периодов. Бев речиси среќна. И ти пак мораше да пробаш да ме испровоцираш со твоето пасивно-агресивно однесување. Ти честитам, успеа. Не само што ме испровоцира, туку и ми ја зовре крвта. Ми предизвика и нагон за повраќање. Обично се трудам да останам смирена во такви ситуации, ама овој пат ја претера. Можеби во афект, ама ти кажав се што имав да ти кажам. Дури и работи кои не ги ни мислам навистина. И не ми е гајле. Те заболе кога слушна некои работи, а? Криво ти падна што имам такво мислење за тебе? Ако. И мене ми е криво за многу нешта. Криво ми е што за целото ова време не успеа да стекнеш доверба во мене. Криво ми е затоа што сам признаваш дека не е до мене и јас сосема ја заслужив твојата доверба. Криво ми е што претходните искуства што си ги имал се одразија на твојот однос кон мене. Ама не можам јас ништо да направам во врска со тоа. Тоа си е твој товар и сам ќе си го носиш. Јас никогаш не сум се трудела да направам некој да ме засака. Нема ни со тебе да се трудам. Знаеш зошто? Затоа што јас порано или подоцна ќе најдам друг кој ќе го сакам колку тебе. Некој што ќе знае да го цени тоа што го пружам. А ти? И ти порано или подоцна ќе најдеш друга, ама верувај дека секоја идна бар за момент ќе се обидеш да ја споредиш со мене. Само моли се кармата и тебе да не ти врати за солзите кои ги пролеав. И покрај се, не сакам да страдаш и да патиш.
Гони се.