Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
"...Сакав на брзина да ти кажам нешто. Но толку многу во срцево се збрало што брзината ќе уништи се. Како што не уништи и нас. Јас веќе немам солзи за да плачам. Доста беше. Данокот од љубовта со тебе тродупло го отплатив. Останав сиромашна за емоции,а богата со тага. Јас.. Јас бев најдобрата и колку да одрекуваш еден ден ќе сфатиш.Тој ден кога раката ќе ти стане студена,а усните ќе закорават за плунка. Само мене ќе ме нема. Ќе ти остане спомен да се присетуваш каква ретка птица си имал крај себе,и место решително да ја оковаш,си ги скинал синџирите,си ја турнал,си ја оставил да одлета во неповрат..."
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Photographer

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
И знаеш што ќе дојде време кога јас и ти ке ги наплатиме долговите за гревовите наши....повторно јас и ти зарем е можно повторно истата страст и хемија не верував дека сеуште постои меѓу нас.........Си ги облизна усните голтајќи ме со поглед. Одамна не сум почувствувала армија морници по телото. Тој беше првиот и последниот војсководец што ги создаде,па успеа да ги врати во живот. Телото навикнало на него,ко корупка на рана,си склучиле убав пакт неговите лигави зборови со моите лигавици. Му се предавав,како да молам за опстанок,знаејќи дека после него ќе ми замре душата,очите,ќе ја закопам љубовта. Точно,тој беше мојот ковчег со скриено богатство и секој пат кога ќе отвореше усни незнаев дали ме лаже или му се згрешило,па ја зборува вистината...
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Сакам да ти кажам дека почна да ми се допаѓа друга и дека се тоа е резултат на твоето стремење кон доминација, контрола и не толеративно однесување. (punch)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaraFighter and Prashina

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Деновите се мрачни, тишината ужасна.
Ме прогонува насекаде, иако никому не признавам.
Секогаш останувам на тоа можеби кое не ми носи надеж...
Ова тело е некомплетно, ова лице е присилено насмеано, ова срце се плаши да се препушти на уживањето.
Ова проклетство е проникнато во мојата душа, ме тера на непресушни солзи, ме тера да не верувам со себеси, ниту пак во убавините што можеби ми предстојат.
Стално се вратам во круг.
 
Последна промена:

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Сакав да ти се јавам, седев со телефонот во раце сакав само да ти го слушнам гласот. Толку, тоа е доволно, минимално но доволно да ја задоволи оваа потреба која ја имам за тебе. Сакам да ти кажам дека ми фалиш, но веќе го знаеш тоа. Миожеби и тоа беше причината да не го свртам твојот број, бидејќи премногу знаеш.
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Сакам да ти кажам дека залудно се трудиш вртејќи го грбот тутајќи се во твоето катче. Мене ме сакаш и јас сум ти под кожа. Ако не постојано, барем од време навреме ќе се сетиш и ќе те боли повеќе и од постојаноста. :)(flower)(star)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Само полека поминува времето без тебе.
Се влече како растопена карамела....
И не мислам на тебе..
Само чувствувам..
Ми фали твојата силуета,некаде таму од десната страна на бироата.
Ми фали раздвиженоста и животот кој ги внесуваш во тоа сивило.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Ми се кине срцево, а јас се смешкам.
Најдобро е така, да молчам, да собирам во себеси, а да глумам дека се' е во ред.
Да те гледам како припаѓаш на други и да се чувствувам немоќна да сторам било што.

Прифатив дека битката за тебе секако ќе ја загубам, на овој или оној начин.
Одбрав да останам ранета наместо смртно повредена.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Колку неискажани зборови содржи тишината? Колку невозвратени чувства постојат во еден тон на молк?
Сè она што држиме во себе, сè што некогаш сме премолчале, погледот го убива. Тишината проткаена низ просторот само ја зачинува ситуацијата, ѝ вградува толеранција. Ја чува болката, ги гледа страствените бакнежи кои вриштат од желбите на вљубените. Ја смирува душата и создава нови мисли со нови неискажани зборови. Чува безброј тајни со горчлив вкус на болка. Удира таму каде што треба. Ја храни караницата, ги предизвикува солзите. Ги убива желбите. Таа е гласот на смртта. Чудно е тоа што е милозвучна и те мами со мисли кои ти ги гасне во секунда. Огледало на времето. Секундарна вечност. Совршенство со мирис на смрт.