Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Tи беше како мојот заб,потребен а истовремено ми задаваше болка.
Затоа сега конечно сум мирна,ве исфрлив од себе и се ослободив.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Знаеш што би сакала?
Да те вдишувам во себе како воздухот кој го дишам за да се вратам во сега и овде.
Да те вдишувам,затоа што ти си тој кој ме тера да се чувствувам себе.
Твоите зборови одекнуваат како ехо во мене...
И денеска на улицата паднаа првите лисја..ја имаат бојата на твоите очи..
Како преку тој есенски поглед да се симнувам по скалилата на твојата душа,до срцето,тоа што сакам да го слушнам како чука..
Многу сакам нели?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and JaMi

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Се плашев да погледнам во неговите очи додека ми раскажуваше за неа.
Се плашев да го видам сјајот во моите омилени ѕвезди и љубовта која мене никогаш не ми била достапна.
Се плашев и од сопствените чувства што ме прогонуваа постојано.
Сопствените чувства ќе ги згужвав како да се обичен лист хартија и ќе ги ставев во џебот за навечер повторно да се вратам на нив како да беа единственото нешто што ми значеше на светот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ми недостигаш иако знам дека се сомневаш, немој, само помисли на последната прегратка кога застанавме покрај автопатот и се бакнувавме додека не одминуваа колите..
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Во вечери како оваа...кога небото не ми е добар слушател, се прашувам мое малечко девојченце...каде ни замина сета онаа љубов, потреба еден од друг? Каде одлета сето тоа меѓусебно разбирање?
Зарем е можно толку да се распадне...
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Понекогаш несакам да ми требаш, ниту да те сакам, да бидеш една рандом личност која поминала и заминала за секунда за да можам да не чувствувам волку многу емоции наеднаш. И се појави денес на игралиште секси и со самодоверба како и секогаш, си велам нема да те гледам еј има многу околу тебе денес е ден за одмор на психа и да не мислам на твојот допир и на твоите усни прилепени за мојот врат. Не! денес требаше да биде одмор на психа.
А заврши како и секоја вечер во последниве месеци, каде што гласот сеуште ми трепери кога ќе ме прашаш нешто и потоа се смееш зш сум се збунила.
Ме правиш ко тинејџер да се однесувам а не ми доликува на годините. Барем за еден ден да се смениме , ти да си во моја кожа ја во твоја, да се посмеам малце на твоето збунување и треперење пред мене, да го гледам жарот во твоите очи дур ме гледаш како идам накај тебе. Не сепак нели , ова беше ден за одморање на психата ..
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
RIP
I da ti kazam ne mozes da slusnes.Tvoite zborovi mi odeknuvaat vo umot.Od kade bese toa sto blikase od tebe? Kade pogresiv ,sto sudbina imavme? Se pametam iako ponekogas velev sum zaboravila. Kako ponatamu objasni mi....

Sent from my GT-S6500D using Tapatalk 2