Добровечер, добар ден или утро...Си ветив дека нема да пишувам повеќе, моите зборови знаат да ме болат. Си ветив дека нема да те спомнам, нема да мислам на тебе. И кога најмалку сакав да те видам, Буууум...гром..... забележав девојка која зјапа во регистарската табличка и откако се увери дека го имаш вистинскиот автомобил пред тебе, точно знаеше каде да се погледниш. Зарем толку ме познаваш? Знаеш каде паркирам, знаеш на кое столче седам, знаеш дека те пратам со поглед...и знаеш дека сето ова го знам....Единствено незнам што значеше тој твој поглед? Го знам твоето его...но и ти моето. Поради тоа се разделивме, долго време ги избегнував местата на кои беше можно да се сретниме. Денес е последниот ден, кога можев да те сретнам некаде....од утре сме далеку, ке останеш само во моите соништа, се подалеку од очите, а секогаш блиску во срцето... Ке престанам некогаш да те сонувам? Секогаш истата насмевка, истата енергија и истата страст...соништата стануваат се пореални, две зелени очи сеуште продираат длабоко во душава,а усниве сеуште мечтаат по твоите.Ти беше мојата пасија и мојата страст. Сега немам ништо. Каде ли е прегратката твоја сега? Имам се што ми треба, Се освен тебе.