Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ќе те впијам во себе со секое мое сетило,те сакам блиску до мене,да те допрам и да те бакнувам по усните.
Сакам кога ни се мешаат воздишките,сакам кога дишам со твојот здив.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Колку е тешко да се одвоиш од сопствениот сон?
Да ги пуштиш сопствените илузии,
кои те прателе ден за ден,па дури и сила ти давале да се издигнеш претварајќи ја таа илузија во реалност?
Колку е тешко да пуштиш од себе и да се одлучиш за реалноста?
Онаа вистинската.
Онаа во сега и тука.
Колку е тешко човекот на твоите соништа,да го пуштиш од себе?
Да си признаеш дека е само илузија која си ја створил самиот?
Дека не постои ништо измеѓу вас
дека не постои онаа невидлива жичка која ве спојува?
Онаа за која си уверен и знаеш дека е тука?
Дека ја чувствувам?
Дека те чувствувам тебе.
Не можам да се одлучам што си.Реалност или моја илузија.
Мој филм.И некако ми доаѓа да го прешкртам ова,погоре напишаното:мој филм.
Некако знам.Знам дека не си филм,не си илузија.
Знам дека го чувствуваш истото што и јас,само тоа е пресилно за тебе.Пресилно за разумот да опише што се случува измеѓу нас.
Се плашиш како и јас.Затоа што ќе не раскине таа љубов и ќе не турне во дното,а последиците се фатални.

И затоа внимателно си се држиш на својата страна,а јас на својата.
И ме провоцираш.
Кога сум посилна од своите чувства,а тоа се случува се почесто,ме провоцираш со тој твој поглед.
Не сакаш да ме пуштиш од себе.
Ама јас те пуштам..оди ајде гитла...да не те видам..изгуби ми се од животот и соништата.
Ќе бидеш само приказна нераскажана.
Преточена овде во зборови..овде во ова мое катче..
Сокриена некаде длабоко во мене..
Моја реалност преточена во илузија..која можеби ќе заврши и со хепи енд.
 

Препознатлива

Истакнат Член
27 јуни 2012
119
94
328
Се сеќаваш ли на оние мигови кога бевме среќни, кога заедно бевме едно?
Сега сме двајца, не сме едно. Едниот што сака и страда повеќе, а другиот што сака помалку. Згрешивме и двајцата, повеќе јас згрешив, ги затворив очите и не дозволив да го видам тоа што треба.
А, сега, сега сум добро, барем така кажувам на другите, иако знам дека горам од тага во себе.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
10660095_740669422671744_5720035750791956879_n.jpg
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Јас и ти сме повеќе од љубов, нешто вонземско владее во нашата крв кога се допираме, како да сме препознаени од некој далечен свет на кој припаѓаме, го видов сето тоа во твоите бескрајни очи и нивниот лет преку оваа вселена.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ме инспирираш.
Ме тераш нагоре.Кон превземање на одговорност.
Кон сопствениот успех.Кон поставување цели.
Кон стабилност.Кон самоувереност.
Ми нудиш правец,кој ми се допаѓа.Го прифаќам.Реален е.Полн со авантури,падови и успеси.
Ти се восхитувам.
Но не посегнувам кон тебе.
Останувам во позадината.Скромно.Воздржано.
Светли ми го патот,не престанувај.Приземји ме.
Некогаш ќе ти се заблагодарам на единствен оригинален начин кој ќе те остави без коментар.Кој никогаш нема да го заборавиш.
Ти ветувам..
Не ветувам често,но кога ветувам исполнувам.
Кога-тогаш...Некогаш.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Leiii, Tantara and Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Стоиш пред мене како некој си Дионис,а мене крвта ми врие..
Позеленувам,поцрвенувам,останувам без зборови...
Се замолкнува во мене...
Затоа што си точно она што го сакам..сакав...ќе го сакам.Она што го замислував и несвесно очекував.
Ете те..и само храброст ми фали да се доближам..малку храброст.

Ах,да..
Те идеализирам малку(малку повеќе),но така те доживувам..
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Leiii, Y1K991 and Tantara

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
На полноќ помислив на тебе и замислив желба под полната месечина која како да светли само за тебе вечерва.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and BlackTulip

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Не можам да ти ветам дека ќе те љубам вечно како што крвта не е врела кога ќе падне на снегот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ништо не трае вечно,љуби ме денес,љуби ме утре,љуби ме додека крвта не падне на снегот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar