Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Мислам дека спонтаноста е луксуз денеска, или можеби некои луѓе се плашат да пречекорат на другата страна. Се заедно години а тој сеуште не знае која е нејзината животна желба. И ме натера да размислам за многу работи, она заслужува премногу но го сака само него. Зошто? Беше скршена во себе и ме праша со насолзени очи што да направи за му го врати жарот во очите. Како човек би дал совет на такво нешто, која сум јас да судам за иднината за нечија љубов?
И ме потсети на нас, кога некогаш пробувам да дешифрирам што се случува и знаеш што заклучив? Дека те сакам целосно, и незнам што носи утре само се надевам на добро и да трае.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
a1ZbO6Y_700b_v1.jpg
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Излегов на цигара на балкон и уживав во звуците на дождот кои ја распрскуваа тишината низ мракот.
Не е пролетен,но секогаш те носи во моиве мисли,и преку секоја една капка впиена во мене го чувствувам твојот бакнеж како жиг на усниве..
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не знаев дека постојат вакви чувства во мене.
Неверојатно моќни непознати чувства будиш во мене човеку.
Мислев страв е..се лажев,нешто сосем непознато,неименувано.Немам име за таа лавина во мене..
Што е тоа?
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha and Prashina

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Некогаш есента беше темна и тажна, го мразев есенскиот дожд и секој поглед низ прозорецот беше едно никакво сивило.... Не ја живеев туку чекав да помине.
Но сега има поинаков лик, твојот... Сега го има сјајот на твоите очи, топлината од твојата прегратка и среќата кога се смееме на мали нешта.
Сега ја живеам и уживам во овие дождови додека ти си тој чии раце ги бришат капкиве од моето лице...
Се заљубив во есента кога одново почнав да се вљубувам во тебе...Што да кажам...Ве сакам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Prashina

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Не си свесен колку многу ми недостигаш..
Цела вечер слушам песни кои ме потсетуваат на нас, песни кои ги викаме дека се наши..
Гледам слики од тебе, од нас...
Читам твои пораки......и сето тоа пак одново
И знаеш не ми здосади, напротив ми се зголемува уште повеќе желбата за тебе..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and violetmoon

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Сакам да ти кажам...Се извинувам што ке го пореметам редоследот на овие љубовни молитви....но знам дека личноста што сакам да го прочита ова ке го прочита само овде. Исто така се извинувам за вулгарностите кои следат. До личноста: Курвицо мила, неќев да направам скандал, кога ја видов сестрати како ми ја греби колата, можеби требаше да повикам полиција, ама ајде реков Нека е...до кога планирате да ме малтретирате? Како можи некој човек да биди толку прост и селанец, па да земи со клучевите да чкрта на вратата. Селани едни, селото од вас никогаш нема да излези. Овој пат ке помини така. На наредната гребаница, ако ја има, вашата кола ке изгори цела. Ви благодарам на разбирањето и оставете ме да живеам и вратете од каде што дојдовте, на село.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Само љубов имам и ништо друго. Само раце широко отворени кон небото , цело да го гушнам...
Само сонување и по некоја човечка илузија на денес и на утре. Само Ти- без име, без облик без лик...