Долго време барам но не можам да најдам еден прекрасен цитат што најубаво и најточно ќе ти опише тоа што јас се надевам дека ако не си го сфатил досега, еден ден ќе го сфатиш...А се однесуваше на тоа дека не е важно колку време си поминал заедно со некоја личност, доколку во првиот момент кога сте се сретнале не сте почувствувале дека „тоа е тоа“, залудно би било да очекуваш дека ќе го почувствуваш после извесен број на денови, недели, месеци или години...
Јас со тебе не сум била заедно ниту еден ден...Јас тебе само те запознав, а тоа запознавање сеуште на моменти ми изгледа како да беше сон, најубавиот сон што некогаш сум го сонувала...Откако те погледнав за прв пат, после тоа во главата ми одѕвонуваше само еден единствен збор - ТОЈ...ТОЈ..ТОЈ...како да си ми СЕ, а не си ми ништо...затоа што сега е невозможно да те видам, затоа што сега не можеме да бидеме заедно...но ти си тој со кој јас се гледам себеси во иднината, ти си тој што сакам да го имам покрај себе...Тебе да те имам до мене, љубов моја, тоа е мојата единствена желба од кога влезе ти во мојот живот...Од тој момент јас сум како преродена...и не е важно ништо друго, кога тогаш ќе се држиме заедно за рака, најмил мој...Те сакам.