Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Да може да знае колку се само темни моите улици ...
Чекај и не престани, ќе засвети една во таа темнина и ќе избрише со рака толку лесно се што не знае тој и тоа да може ќе исчезне засекогаш.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Не сакам ништо да ти кажам. Нека зборува тишината и далечината А, што да ти кажам кога се знаеш?
Секогаш ќе правиш така како што срцето ти посакува. Можам ли да изменам што срцето посакува?
Јас не можам да изменам моето да не те посакува. Јас не можам да те разлеам во времето како спомен, туку секогаш си изгрејсонце и утрина.
Јас и се молам на солзата без болка да е, на мислата без спомен да е, на сонот без тебе да е.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
сдтк... практичниот Сашко некако не е баш по поезија и тешки романтики, затоа:
--Станувај ајде, нема спомени од спиење, јас заминувам ваму па ти ѕвони ко ќе станеш за да го потераме денот.... ајде... ајде... :D :D(hug)
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Ги сакам тие наши романтики како вчера..ти и јас и целиот град под нашите нозе непрекинато светка..полека спуштајќи се во градот слушајќи ја Хотел Калифорниа..цел пат имав блага насмевка на моето лице и да ..тоа прокелето ни недостигаше толку малку а сепак не направи пресреќни..
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Емоција сум ноќва за тебе создадена,солза срце што измива,со месечинка во мене која за миг во мракот ме осветлува а таму тебе те пронаоѓа.
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Не знам шо да кажам....понекогаш толку многу ми недостигаш, а понекогаш мислам дека ми е сеедно.
Чудно, ама и самата себе си не се разбирам.
Дали желбата за тебе ми се зголемува кога ќе сфатам дека некое време нема да си покрај мене, а кога сум со тебе не го ценам толку многу времето, како кога кога ќе заминеш...
Четвроток е еден убав ден за мене, не можам да го наречам посебен, ама сепак поминувам уште едно поглавје од мојот живот, само да знаеш колку би сакала да бидеш тука тој ден, барем на 5минути да ме видеше....
Но за жал тоа е само една моја голема фантазија, ќе видиш само слика од мене,можеби насмеана, но нема да можиш а сфатиш како се чуствувам од внатре, а тоа нема да ти го кажам.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
И во оваа ноќ,кога небото го гледа својот одраз во капките дожд што ја насладуваат земјата,посакувам да си до мене,да сум до тебе,да се припијам во твојата силна прегратка,чувствувајќи ја нејзината топлина и така да останам.
 
Последна промена:

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Станав како Светата Троица во христијанството. Еден човек (еден Бог) поделен на три ипостаси: Мозоков, кој не престанува да вреска да се тргнам од тебе, Срцево кое бара начин да престане да го боли сѐ што му направи и Телово кое плаче за да се допре до твоето...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and violetmoon

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Посакувам да можам да сменам многу работи, да бидам онаа девојка која ја посакуваш.
Посакувам да ме погледнеш со насмевка во очите и таа една минута да може да трае вечност и колениците да ми треперат.
Посакувам да се изгубам во твојот поглед..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and violetmoon

Sara

Истакнат Член
13 февруари 2012
116
116
343
Љубов или заљубеност што е? Или пак само опсесија.. Сакам да си до мене, сакам кога заедно ги делиме убавите мигови.. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991