Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Дали знаеш дека после се ќе остане чиста светлина и само тишина?
И таму во соништа ќе се претвориме во единствена прашина расеана во некои нови лица и небиднини.
Јас нема да те опијам со мене, јас ќе те заспијам со мир на новородено.
А ти, ти ќе бидеш приказание на мојата мисла.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Мислев ќе е потешко, но изгледа јас колку што те преценив тебе во своите очи, толку ја преценив и тагата по тебе.
Признавам ти беше баш од помош, толку гнасно и прлаво се покажа и се покажуваш што треба да сум навистина луда за да чувствувам било каква емоција кон тебе.
Не ми недостасуваш, воопшто не ми фали ни твојот глас, ни твојот лик, ни твоите раце. Очите што некогаш мислев дека се моја ахилова пета, сега се само две темни дамки кои зрачат едно големо НИШТО. Се смалуваш секој ден се повеќе, честитам.
Имаше голем потенцијал, и шанса да бидеш среќен во овој краток живот, ама ти избра празнина.
Слушам креветот ти е згужван секое сабајле, ама затоа пак душата испеглана како да ти е направена од тенок мраз. Никогаш за никого не сум го кажала ова, но ти познанику си изгубен случај.
Ќе живееш празно, бидејќи само со устата знаеше да лаеш убави зборови и затоа што секој твој збор вреди торба вошки и болви.
Подалеку од мене човеку, подалеку од оваа душа што е во мене, не ти дозволувам да ја испрлаш. Стој Подалеку.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Боли кога некој постојано молчи, а кога ти ќе ги кажеш работите што лебделе во воздухот те осудува дека сам си донел некои одлуки...
Заедничките одлуки се носат со разговор, а кога разговорот не постои драга... не ми преостанува ништо друго освен да одлучам сам.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ги сакам твоите очи,ги сакам кога ме гледаат додека те љубам,го сакам твојот поглед врз мене.
Во нив гледам се,те гледам тебе и себе,и некој нов универзум само за нас.
Ги посакувам и вечерва,како никогаш до сега.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Од каде извираш во мојата крв, зар од очиве зелени што со сивило раскинато распнале две души, две тишини што убавина создаваат, јас стебло а ти цвет кој ја разденува ноќта, без чекање, без копнеж.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
И што значи смртта после толку умирања во кои живеев доволно, сосема доволно бакнувајќи ја твојата душа, без скриени тајни иако беа отровни, безмилосни.
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Сакам да ти ги кажам оние неколку зборчиња од кои прерипнува срцето, пеперутките создаваат немир во твојето стомаче, целата трепериш и усните ти горат.....Сакам да ти ги кажам тие неколку зборчиња... но како да ти кажам и дека морам да заминам далеку, како да оставам нешто несовршено, кое за нас беше се? Како? Како, кога конечно имам нешто за кое само сум сонувал...како? Жал ми е што морав да ти го кажам најболното за мене...никогаш нема да ги заборавам твоите солзи.....и те молам, престани да ме сакаш....:place Јас морам да одам, а не дека сакам...
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Знаеш колку и да се преправаш сепак осеќам има уште нешто иако нашето заврши одамна,погледот ти открива се што усните не кажуваат.....колку и да си среќен со таа што си,никогаш нема да ги заборавиш нашите моменти затоа што беа единствени .Биди среќен од секогаш ти го посакував тоа со која и да си......Се чудам каде ми беа очите и душата тогаш кога не требаше да те сретнам и заскогаш да ми оставиш рани кои од време на време ми ги зголемуваш,со секој поглед,со истите сини очи,со истите спомени........Посакувам никогаш да не ми се појавеше во животот,се ќе беше полесно....Тебе веќе тие полесно те гледам,а мене ќе треба да помине време за да си ги излечам раните кои ти ми ги отвори.Никогаш нема да се сетиш,нити пак да дознаеш што се направив за тебе.Оди и не враќај се за навек исчезни како воопшто и никогаш да не си бил присутен во мојот живот.
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Студена ноќ ми поминува низ моето тело, како гром од ведро небо ја чувствувам таа студена необична тишина, каде ли да се сокријам додека не престане оваа бура, под кое ли камче да најдам топлина и љубов, плачам за насмев и искрени прегратки...Ме болиш моја темна тишино, дозволи ми барем мојот глас да продре во тебе...Само оваа тишина да помине.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Lena