Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Јас немам срце за грубост. Не ме повредувај, доволно ми е се досега. Јас сум само капка роса која испарува.
Некогаш, само некогаш ќе се сетиш и се ќе разбереш засекогаш.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Може да ни недостасува некој кој починал или заминал далеку од нас..
Но најлошото нешто е да ни недостасува некој кој го гледаме секој ден.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Најголемата поддршка во животот си ми ти.
Не ми доволуваш да паднам ти си секогаш до мене и кога не си јас те замислувам.
Јас и кога имам причина за тага ти ме насмевнуваш.
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Понекогаш се прашувам како можеше да ме натераш да играм игра во која обожавав да губам и на крајот пак да ти припаѓам?? Како можеше толку природно да си одговараме како стопено чоколадо во калап? Со тебе, јас не бев ЈАС! Не ни требаше ни "те сакам". Одвнатре бев празна, разочарана и потиштена, сега сум ведра, силна и непобедлива :zelen
Јас сум создадена за да бидам сакана, а не да бидам совршена!...но никогаш не ќе можеш да ме разбереш! :mstickle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Redhead

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не изгледаш посебно добро,но уживам да се изгубам во тебе.Твојата силуета,твоите движења,начинот на кој им пристапуваш на луѓето од твојот тим,кроток и внимателен,
тонот на твојот глас,така смирен и опуштен.Би го споредила тоа со чувството кога се губам во некој фантастичен пејсаж како залезот на сонцето измеѓу планините..
Се губам и уживам во тие пејсажи.
Така се губам во тебе.Не ме привлекува твоето тело,твојот изглед,воопшто не си мој тип..Но..
има нешто мое на тебе.Чинам..чинам,се гледам себе во тебе.
 

shadow

Староседелец
12 декември 2013
21
36
1,013
Можам, си одам од тебе. Те спасувам од моето присуство, од мојата комплицираност и преголемата љубов која ти е дојдена преку глава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
Jа знаеш убавата песна од Маријана и Росана? Признавам неможам без тебе...

Е што се деси со Маријана? :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Живеам за да те љубам. Добро, и да те гризам. Некогаш ме болиш, иако почесто правиш да се чувствувам како совршената жена и кога сум во најстарите партали и најголемите влечки по дома. Ме сакаш таква како што сум, далеку од совршенство.
И се додека можам да дишам ќе те љубам. И ќе живеам држејќи ја твојата рака, допирајќи го твоето лице.