Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Те гледам, и кога не те гледам.
Те слушам, и кога не те слушам.
Tи ја држам раката, и кога не ти ја држам.
Те имам до себе, и кога не те имам.
Чудно нели?
Не разбираш?
Не?
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ех драга, на што ме тераш... да читам поезија и да мислам на тебе.
Да ги превртувам книгите за да ги најдам стиховите кои знам ќе ме болат како што ме болиш ти...
„Ништо не е повидливо
и ништо не е поприсутно од твоето отсуство:
ни детските шепоти што ги откривав
во сеидбите на дождовите,
ни закажаната бура во пајажините
од крајпатните меанчиња,
ни воздушните патишта, осветлени од ластовиците
ни она што добива форма само во мојот слух,
ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурец..“
Што убаво Петре ги откорнал горчливите зборови на недостигот и ги претворил во слатка поезија.
Кажи ми, кажи ми Драга, смеам ли да си дозволам јас да ги откорнам горчливите зборови на недостигот за тебе и да ги претворам во слатка прегратка за тебе кога ќе дојдеш повторно?
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Сама со своите соништа кои како кула од карти се распаѓаат пред мои очи, а јас повторно се надевам дека ќе се издигнат.
Си велам чуда се случуваат секој ден..
Тука не постојат чуда.
Нашата љубов е сон, сон во кој сонувам сама.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaraFighter

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Одговорот на секое поставено прашање си ти.
Како би изгледал вашиот идеален дом? .... Со тебе во него.
Што ве прави среќни? ...Ти
Вашата животна филозофија? ...Повторно ти.
Желбата за тебе да ти угодам,потребата,ми ја смени смислата на животот.
На што прво помисливте утрово кога се разбудивте? ....Кога не си до мене,на тебе.Во другиот случај прво што погледнувам кога ги отварам очите си Ти.
Вака да остане и никогаш да не се промени одговорот на секое поставено прашање.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Детсκи е κога се делиме еден со дρуг, наместо κал се мачκаме со емоции и насмевκи, не пρавејќи ρазлиκа во тоа што го носиме во себе и гледаме пρед себе, погледни не, заρ можеме да го наρечеме обоен сеκој цвет пρисутен оκолу нас.