Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Зарем може да љуби срцето кое го остави да се дави во твојата неприсутност, прашај ја љубовта и таа ќе остане нема.
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Само на момент посакувам еднаш да се налутиш, да ја тресниш вратата и да заминиш. Зарем ништо не те нервира? Покажи ми дека зборовите кои ги кажуваш, навистина ги мислиш.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Љубовта е толку кратка, а заборавот толку долг. -Пабло Неруда
Колку долго ќе трае ка човек кој нема време,се прашувам. Твојот поглед огледало на мојата душа, а мојата душа на самрт. Поминувај,пред да поминам.
 
Последна промена:

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Џабе се пρавеш ладноκρвен и се понашаш, κога на κρајот па ми мене угодуваш и κаκо ништо да не се слчило. Сега саκам да аум со тебе, а знам деκа и ти саκаш. Сρце мое :p Чудна сум κога се затρесκам во неκој, бе саκам да се заљубам.

Sent from my LG-E440 using Tapatalk
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Знаеш, некогаш не е доволно само да го изгубиш нештото за потоа да боли. И што ако боли,кога тоа што те боли го немаш крај себе? Со кого ноќва да се гордеам кога усниве помодреле од жалост,од недостиг? На кого ќе раскажувам како денот ми поминал кога ни ноќта не сакам да ме покрие? Имам прашања кои би сакала да ти ги поставам,но немам храброст истите да ги родам низ уста. Секогаш кога ќе те видам морници ми лазат по телото,чинам измешани чуства љубов,страст,болка,страдање се ми се премотува во главата како расипан филм сите случки,места,сите бурни,пијани,нервозни,убави ноќи.......Знаеш чуствата се взаемни не мораш да ми кажеш тоа ти се гледа во очите знаеш оние најубавите кристално сините,а насмевката иста како и секогаш најубава.Се што најдобро знаев да направам беше едно "Остави ме". А после тоа Бог знае колку пати се проколнав. Тој знае подобро од нашата ПРОКЛЕТА,илјадници пати проколната небиднина.Знаеш и ти само проклето неќеш да си признаеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and diva orhideja

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Сепак одигра погрешно,а тоа беше последната шанса. И не, не ми е криво, уште пред да ти ја дадам знаев дека ќе ја прокоцкаш. Да ме изненадеше и да се покажеше како маж со срце ќе си признаев дека погрешив во она што го изградив како мислење за тебе, но срцето овој пат згреши.
Но добро, јас барем сум чиста, направив се што можев во тие моменти, се што изгледаше лудо јас го дозволив затоа што премногу верував дека нештата на крајот излегуваат како во приказните. Заборавив дека не сум принцеза, и згрешив кога помислив дека ти си принцот.
Ти испадна минувач, помина низ мојот живот во еден период и ми донесе многу чувства, и убави и разочарувачки. Настојував да се разделиме со прегратка и покрај се, да дури и те прегрнав затоа што за идниата јас е подобро да ја има таа слика како нешто последно помеѓу нас. Нека нема лоши работи повеќе , дај да не се повредуваме.
Заминавме,се оддалечивме и веднаш животот доби еден нов мирис, нова боја, и воздухот повеќе нема иста густина, но добро е, ме оддржува во живот.
Не е ништо готово, ова не значи дека ќе бидеме несреќни, туку значи дека не сме биле за заедно. Единствено на што никогаш нема да најдам одговор е тоа зошто судбината не спои? Која беше причината? Бев повредена и претходно, искусив разочарување и претходно, нели еднаш ме повреди, зошто два пати удри громот на исто место? Зошто зошто и зошто... а одговори никаде. Само претпоставки, можности, знаете оние мисли кои како тивки мачители кои секогаш остануваат.
Осудени да бидеме секогаш доволно далеку, бидејќи никогаш не знаевме да бидеме доволно блиску.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Сега луташ низ вρемето и баρаш низ κонвеρзациите да ги најдеш датумите на пρвиот допиρ и баκнеж, а ми κажуваш деκа ме љубиш, таκа сосем случајно налетуваш на нешто што веќе не постои, а сепаκ ти недостига.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Датумот,денот,зар се поважни од сеќавањето и мислата на тој прв бакнеж и допир,која никогаш нема да падне во заборав.
Тоа што мислиш дека не постои го носиш длабоко во себе,како и нас.