Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ми бегаш од раце.Те пуштам а во себе те преколнувам да ми се вратиш.Не,нема повторно да бидам тој кој ќе си ја погази гордоста.Можеби не ни е судено. Можеби некаде некое девојче копнее толку многу по мене,како што јас копнеам по тебе.Можеби некаде далеку некој ќе биде ладнокрвен кон тебе како што ти беше кон мене.Отсекогаш беше таква.Не можам да искажам емоции.Дали ако навистина сакаш не можеш да ги искажеш емоциите? Можеби не е ни до тебе, можеби јас очекувам премногу.Којзнае?Веројатно никогаш нема да дознаеме.
Те гледам.Се вртиш.Само продолжи напред и остави ме да продолжам без тебе.Слободно задади го последниот удар и нокаутирај ме.Кога веќе почнувам, сакам да започнам од почеток.Велат скршените срца не се лечат така лесно. Сметам дека е спротивното, можеби тогаш ќе ја најдам совршената личност за мене. Таа која ќе биде покрај мене без разлика на се. Таа,која нема да биде толку далечна.Таа која нема да биде ти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and diva orhideja

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Кој си ти?
Сакам да ја слушнам твојата приказна.Сакам да те слушнам како дишеш,додека спиеш,да ги допрам твоите соништа.
Да ги избркам твоите демони,да заталкам по твоите мисли,да танцувам со твоите ангели.
Не ми го кради погледот,не можам долго да ги издржам твоите очи,бурата е пресилна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and diva orhideja