Како сон од детските ноќи се јавуваш и ме воскреснуваш од постела. Страв,кој несвесно сум го потискала во милиметарското ќоше на срцето. Страв дека ќе ја изгубам љубовта.А кога и таа ќе замине,со себе ќе ги понесе сите спомени кои последниве 625 денови ме одржувале во живот. Ми требаш како надеж на болен на постела,како сонце што продира зад облакот. Се сепнувам додека со навлажнети очи те испраќа во заборав.Некаде таму,каде судбината ќе те одвее…Тука,каде јас останувам.Туѓ и сечиј. Непреболен,а сеуште мој. Ти,јас ,иднината и сегашноста стоиме на едно тромеѓе,а сме четворица.
Ти заминуваш,јас останувам,иднината доаѓа,сегашноста бега. И лимес кој тежнее кон бесконечност има решение. Само нашево претставува енигма за времињата во недоглед. Затрупано од правливи ветришта,корозирано од поројни дождови што надвиснале над глава. И една мокра силуета во немирот на ноќта,што се отцепува од својата половина. А таму над градот,татнежот на возовите одѕунува,додека железните влечуги се сведоци на најгрозоморниот злостор што човештвото го здогледал-убиство на една љубов,сторено од немоќ и страст.