Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Благодарна сум за сите насмевки, солзи, зборови, мисли, кажани, премолчени,ненапишани, напишани, погледи споделени со тебе. Благодарна сум за нашето миговно сретнување во соѕвездијата на нашите светови. Благодарам за се!
 
Последна промена:

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Едитирано од модератор: не е дозволено цитирање мислења од оваа тема.

Сдтк.... епа баш убаво денеска си поминавме, ај утре пак(happy)
 
Последна промена од модератор:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Никогаш не ме прашувај што беше тоа. Не ме прашувај ниту кога ќе заврши, ниту каде во умот одам и зошто толку паѓам во моментот кога ќе помислам најсилна сум. Не ме прашувај ниту што допре во мене, ниту што сотре таму некаде каде без допири изникнува и без допири умира. Незнам со зборови да ти раскажам, освен со очите да ти покажам. Соништата во дождот ги претворам да те помилуваат тогаш кога јавето кошмар е.
И не мисли слаба сум и очајна, ниту дека тонам. Јас умирам во секој ден и се раѓам во новиот за да те одболам, па макар и цел живот да е , нека е.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
С' неба па у ребра! Кај налета[в(те)], кај се запусти[в(те)]...(слободна интерпретација):D
Најсоодветно е овде, жими мама, не дека нешто...(shake)

1: Дете бре, Аполон и Хера ли те склепале тебе? Да застане човек ко детенце пред излог со сладоледи и да се лигави, а ти ко паун само поминуваш и срамежливо бегаш и се појавуваш. Холивуд под прозор да ти плукне, мајке ми, би те шетала на црвен тепих со штикла 30ка, ама таа мистериозност ти се граничи со ароганција, освен кога се избламирав да ми се помочаш од смеа, чинам тогаш беше најприроден, со сета грациозна појава тргната настрана. (nod)
Биди таков и жени чу те, па макар и харем имал!

2: Ти, ти си оној момак од романтичните комедии, непресушната инспирација на толку многу режисери и плод на замислите на милион женски глави.
Не те идеализирам, само паѓам на твојата појава посилно одошто паднав на газ пред четири години кога си ја осакатив кичмата.
И дури наутро сите уз кафе зборуваат за некого, јас те кријам ко првоодделенка што ја крие првата симпатија, а ни сама не знам зошто. Ме лазат морници и ме фаќа некоја трема при самата помисла на тебе, а ти баш тогаш се појавуваш со муабети на кои се мачам да вратам. Ми се познава, мајке ми!!!
Е, тебе би те шетала насекаде - по расклатеното дрвено мостче од кое сите бегаат, по вирчињата во ладниот асфалт, свежо-косената трева и низ глувите, студени ноќи. Како беше она, we finish each other's...sandwiches. :D Таква ведрина и разиграност ретко кое човечко суштество поседува, го будиш детето во мене на некој сосема непознат, можеби платонски начин. (еве, разумот во мене ми мава шамар дека звучам ко еротоман)
И, еве ја, ја најдов.(wasntme)
I've been around the world, lookin' for my baby
Been around the world, and I'm gonna
I'm gonna find him ...
emoticon-0159-music.gif


Here, let me wipe my own bullshit...:^)
Толкава крава вака да се понаша. Ми личи.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Што ти е? По што се враќаш? Не зеде доволно од мене па сега се враќаш за уште по некоја солза? Биди човек играј фер, заминиси ако не мислиш да останеш. Денес можеби сеуште можам да извадам од себе уште едно „Да“ за тебе, но утре можеби нема моиве очи да гледаат во тебе , туку низ тебе како да си една обична празна празнина. Помисли добро како ќе ја изиграш оваа партија. Доволно ми е...
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Сакам да ти кажам welcome back конечно недоразбирањето исчезна , се знае колку е саатот . :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Ни пролетниов дожд, не е доволно силен, за да ги прикрие солзите пролеани за тебе...Знам дека не згрешив, а ти знаеш дека згреши. Понекогаш треба само да се извиниш, мал збор, со големо значење.