Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Jaс не ги барав овие чувства,не ги сакав,нити посакував,тие беа оние кои ме најдоа мене,предизвикани од тебе.
Изгледа од поодамна портата од тоа црвено нешто налик срце, останала отворена па лесно најдоа каде да се сместат.Како и не би,кога празнини,само празнини.
Сега сум препуштена на нив,не ги запирам,впрочем и да сакам јас не умеам.Никогаш и не умеев.А до каде само можат да ме однесат се прашувам.
И дали ќе го колнам или славам денот кога се појави ти.А толку посакувам да е второто.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Зошто пак се врајќаш? Таман решив дека да се тргнам од се , зошто пак велиш дека значи се...ме измачуваш , а ми годиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
И ноќва е празна,и таа утре нема да е поразлична, како и сите останати кои ќе минат без тебе...до кога....засекогаш ли?
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Денот поминат со тебе е ден.
Љубовта со тебе е љубов.
Радоста со тебе е радост.
Насмевката со тебе е насмевка.
Со тебе, сум јас.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Тоа се тие периоди во годината, кога слатката меланхолија потчукнува на врата...Спомените изртуваат како фиданки, насмевката е тука сеприсутна а ти си далеку од дофатот. Ме дотолчува оноа што некогаш си ветив а сеуште никогаш не го исполнив, а тоа е комплетно да заборавам на одразот на твоето лице. Каде сум јас во овој период на слабост, додека ти немилосрдно талкаш низ спомените?
Кој сум па јас да ги присвојувам тие спомени кога веќе се дел од едно минато, туѓо и за нас двајцата?
Која си и ти, толку едноставна и совршена а да не исчезнеш од одразот на девојката што некогаш добро ја познавав ?
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Слушав дека да се отвориш пред погрешна личност е камшик кој невидливо ќе те бие целиот живот, па сега се чудам од каде ми се модрициве, да да дури и видливи имам некои, таму околу срцето се најчести. Нека, нека стојат, не мислам да им ставам никаков лек и така сакав да си ставам тетоважа, барем овие модрици се тетоважа со големо значење и лекција од страна на срцето „Чувај ме за да не те болам“