Здраво љубов,
Одамна не сме се слушнале. Се надевам дека си добро. Се надевам дека си среќен и дека не престануваш да се смееш, како јас што се смеев со тебе. Се надевам дека најде девојка, којa ја гледаш така како јас што те гледав тебе. Се надевам дека ја добила твојата доверба и дека ќе се грижи за тебе секогаш. Сакам да научиш да веруваш, дека можеш да бидеш сакан, затоа што не секој што се појавува во твојот живот доаѓа да те повреди. Сакам да научиш да ја почитуваш, како што јас те почитував тебе.Понекогаш се сетам на тебе и се насмевнувам, но насмевката боли. Ме боли, затоа што успеав да поверувам на твоите прекрасни лаги. Ме боли, што ти верував, а ти се претвори во човек за кој се колнеше дека никогаш нема да бидеш. Но, јас сум добро. Или пак ќе бидам. Ти го посакувам целото сонце, за да ти ги осветлува деновите, но понекогаш ќе ти пратам дожд, за да ги почувствуваш моите солзи.