Имаше утра, кога би ти поклонила и пола од својот живот, само за да не ме боли твоето отсуство.
И ќе се запрашаш зошто утра, кога ноќта е најголемиот кошмар на ранетите души?! И знаеш зошто баш утрата?
Затоа што јас те поставив на почетокот на својот ден, за да бидиш зрак силна светлина;
Затоа што јас се борев додека ти се колебаше;
Затоа што јас мечтаев, додека ти се сомневаше и
Затоа што твојата лага ја уби секоја моја вистина.
И не, нема да ти оставам место во спомените, и тие се преголеми за тебе..зајди во предвечерието на една пролетна ноќ,
онака безшумно исчезни..исто онака како што живееш, толку безшумно што и никој не го осека твоето постоење.