Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Сакам растојание од тука. Сакам нова далечина и воздух кој ќе ги краде сите сегашни спомени. Тешко е да ги добиеш од сенка чиј лик на прозорот, исто како јас, си ги мие гревовите од душата на парче месечева светлина.
Ги навлеков завесите набрзина. Оди. Не можеш да замислиш колку можам да бидам осамена зад овие очи. Не сакам друштво. Одамна умрев во твојот поглед. Сега сакам само недогледни простори со диви ириси каде што нема да ме гонат твоите продорни очи преклопувајќи ги океаните во мојата уста. Но тоа е несфатливо за некој кој живее веднаш од спротива.
Знаеш, понекогаш ми недостасува начинот со кој знаеш се’ да галиш со емоција. Секој камен, секој вир, секој тежок чекор на некој непознат знаеше да оживее и да врзе посебна приказна за припадност на свој начин. Ти ќе ги прекрстиш сите работи со имиња во кој секој возрасен има проблем да верува, а јас ќе се запрашам дали навистина сум толку ограничена, без фантазија. ,,Ти знаеш да испишуваш работи со поглед кои јас никогаш нема да бидам умешна да и ги подарам на хартијата”, искрено признавав.
,,Ќе падне ѕвезда но не замислувај желба” – знаеше да ми прекинеш веднаш. ,,Не замислувај, не. Замисли само дека тоа си ти, танцувајќи го слободниот пад додека до тебе допираат гласови од сите краишта за едни нови бакнежи измачкани во темно сино. И ти ќе бидеш среќна. И нечија среќа, обично моја” , А јас сега сфаќам дека не сум среќа. Само слаба и кршлива гранка трепетлика која се надева дека всушност е цврста махагони површина. Зошто љубовта трпи да биде бавна но не и ние да бидеме бавни кон неа.

Знаеш повторно, но започнав да го правам обратното од тебе. Ми делува како нешто што би го направил и ти. Можеби јас само сакам да ја сокријам вистината за да се заштитам себе си и да ја убијам секоја следна емоција пред да остане подолго од потребното и стане потреба. Почнав навечер да ја крадам тишината од предметите, да остане само формата и трошната празнина. Додека душата лебди над секој агол, секоја пукнатина и над сечија глава упивајќи ја во мојот скут миризбата на еден расцутен месец.
Приказните нивни прават само гласни врискотници и немилосрдно убиваат. Сакам да си го исцедам мозокот до последна капка за ниту еден подарен лик, ниту една создадена биографија да не може да ткае илузии додека полека заспивам.

Ајде моја уморна главо, врати се од другата страна на соновите, заспиј и одсонувај...
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Има собно цвеќе, кое многу години живее само од себе, без многу грижа, одрекувања, угодувања. Бара само заштита од студ и по некој убав збор.
Такви се и некои љубови.
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Се' додека љубиш времето не е важно, вложеното време во љубовта не е изгубено време, но големите луѓе не можат против својот искалкулиран ум. Затоа и се откажуваат прерано, а умираат предоцна, за цел живот во каење да се сеќаваат. Животот ме научи да можам да верувам единствено на себе...
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Te барам,иако некој некаде те скрил. Во своја прегратка,под пазуви кои пулсираат туѓ мирис. А навикнав на се твое,се мое,се наше. Сега морам да научам да живеам со она малку што останало. А не останало ништо.
И човека учи додека е жив,но тешко се одвикнува. Ти беше и сеуште ќе бидеш моја зависност. Прв те барам наутро,последен ме испраќаш во сон. Ништо не помага во твоето искоренување. Посакувам да те фрлам и да те згазнам со нозеве,велејќи:
-Ме отру зависноста,ми се згади љубовта,отсега не се починувам,па ќе играме по мое,и ќе си го подобрам животот…Без него. А секојдневието е целосно само крај тебе. Кој ќе ме нарекува малечка ? Кој и да го стори тоа,нема да ја има бојата на твојот глас,ниту вкусот на твоите усни. Тие ќе се трудат да те заменат,но нема да успеат. Ниту еден обид,не е веродостоен со оригиналот. Нели и електронската цигара не е иста со онаа од тутун?
И никотинот е посилен од желбата. Затоа и ти си посилен од помислата дека треба да те заборавам!