Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Твојот недостиг,мојот поголем,твојот бакнеж,мој спокој и немир,еден поинаков свет за нас.
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Беше нејасно како сето тоа заврши. Всушност, никогаш и не заврши. Немаше онаков крај - крај. Немаше драми.Немаше ни едно лицемерно „се слушаме некогаш“.
Не знаеше никој за нивната приказна. Не успеа да им ја покажат на градските фаци. Немаше муабети. Нити тој неа ја поминал, нити таа била со него. Тие четири-пет месеци, си беа тој нејзин и таа негова, онака детски. Онака вистински.
Останаа на пола зборови, на пола погледи. Останаа на договорено кафе што никогаш не го испија, на договорен филм што никогаш не го изгледаа.
Им остана тоа непрошетано држење за рака во јавност.
Тешка комбинација беа. Неговата гордост и фраерлук, нејзиниот страв и суета. Два такви лика не си се даваат себеси така лесно. А и ако некогаш се дадат, тоа ќе биде случајно. Случајно и тоа на некој ни малку достоен за нив.
Или таа ќе биде нечија кралица или тој нечиј крал. Да останеа заедно, муабетите ќе го запалеа градот. Не може еден град да има и крал и кралица.
Може и затоа се разотидоа туку така. Понатаму не се познаваа. Си ги мразеа погледите. Си ги читаа чувствата што ги голтаа секоја вечер како кога си припаѓаа еден на друг и кога градот не беше битен.
И не, не ги расипа градот. Два такви лика имаат се` освен слобода. Два такви лика заспиваат со желба за храброст, а се будат со страв.
Таа зима градот ги проголта и нив и нивната приказна.
Таа си го изгуби срцето, тој неа.
Кој изгуби повеќе?
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Без да ми κажеш јас го вρеднувам сето она што го имаш само со мене, знаеш нашиот ум и чувства чинат бесκρај од нас, заρем мислиш деκа би саκал да бидам твоја гρаница.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Кога те гледам,мислам дека си најубавото нешто што сум го видел.
Кога сум во твоја близина, ми се тресат колената, пелтечам, тресам зелени.
Кога ме погледнуваш, умирам од илјадници громови и повторно се раѓам.

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Уште една ноќ,
една солза,
измиена од водопади тажни,
една желба,
да го погледнам брегот и допрам песокот распослан на него,
во кој среќата се скрила.
 
Последна промена:

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Ми недостигаат деновите со тебе..(think)
tumblr_mo8snsoRcZ1r9xerro1_500.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Змејче and alba

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Многу,многу сакам да ти кажам.
Нема да престанам со раскажување.Ќе зборувам 1001 ноќ.
И кога ќе ми снема зборови и се уморам од зборување,внимателно ќе го впивам твојот глас во себе слушајќи ја твојата приказна...твоите соништа,твоите стравови,твоите идеи,твојата омилена боја,првата девојка...се..се она што имаш да го кажеш.
А кога молкот ќе настапи на сцена,сакам само да бидам со тебе.
 
Последна промена:

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Tреба да ти кажам дека светот не е совршено место, но некако во тие мали пукнатини на осаменост чувствувам дека припаѓам.
И понекогаш само сакам некој да биде покрај мене во тој дел од ѕидот што ме одвојува од светот.
Само толку...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991