Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ми даваш храброст без да знаеш.
Храброст да се борам понатаму,храброст да застанам пред тебе пресретнувајќи ти го погледот кој толку ги бара моите очи и да ти се насмеам.Само толку.Ќе биде и повеќе од доволно.
Ме исполнуваш со надеж и вдахнуваш живот во мене.
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Сакам да ти кажам дека немам зборови кога стојам пред тебе - не знам како да се изразам (мислам дека тоа веќе го знаеш)
Знам дека подобар сум во дела...
не знам да кажам - знам да покажам, не знам да напишам - знам да направам ( и тоа го знаеш)
И дека те сакам повеќе од себе... и тоа го знаеш

Ми го разубави светот и ми внесе вистинско богатство во животот со тоа што си покрај мене во се. (inlove)
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Само црното вино ги заматува очите кои во тебе го гледаа најубавиот оган во мојата душа,
но ти не знаеше и се уште не знаеш,
иако небото е исто,
сега сме само двајца странци,
кои го одгледуваат семето на љубовта,
секој на свој начин,
сето тоа само така ми прелета во мислите,
подлабоки од длабочината,
потемни од ноќва.
 
Последна промена:

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Заплеткана во свилена пајажина од грев и страсти,жива сум само на саат ил два,кога ќе сме сами,моја тајно отровна.