Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Сакам да ти кажам...
Беше секаков со мене. Груб на зборови, добар, лош, фин, ме разочаруваше, ме сакаше. Секаков, дури најдраг и најдобар. Некогаш се покажуваше како најлоша личност, ама само за да не видат каков всушност си ти, дека си слаб, дека се плашиш. Со тоа мене ме јадеше внатре и не можев да издржам. Многу пати ме разочара, но никогаш нема да можам да те мразам. Сега сум само ладна со тебе. Се правам дека ми е сеедно. Не сакам да ти давам до знаење дека ми значиш. Не повеќе! Сакам да продолжам понатаму. Вака е најдобро за двајцата. Ти по твој пат, јас по мојот. Колку и да е тешко, ќе помине! Јас со тебе завршив и остана само сето тоа да го прифатам....и го прифатив! Редно е веќе и ти да го прифатиш! Така ќе бидеме само странци со спомени, и ништо повеќе!
Поздрав!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Y1K991

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Сакав да можам да го променам светот, да ги освојам ѕвездите и да се загубам во убавината на животот...
Признавам, сакав многу, сонував многу.
Но, сега едноставно сфаќам дека соништата не се вредни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Nexus

Нов член
23 мај 2014
3
0
1
КАКО МОЖАМ ДА НАПИШАМ КОЛУМНА И ДА ЈАОБЈАВАМ ТУКА НА ЦРНО БЕЛО ?
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ноќва ќе ја дочекам полноќта читајќи ги поемите твои подарени и со нив душата во рај ќе ја претворам, а твојата со мислите родени во неа ќе ја целивам се дур свесноста не ја земјосам и сонот за тебе не ме проголта, еден сон во кој ќе самеам цела вечност.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ноќва болно недостасуваш како и вчера, како и ноќта пред вчера. Неможејќи да ги избркам демоните од срцето, се прашувам зошто ти?
Кој си и од каде изникна во мене? Не треба да си во мене зашто и јас не сум во тебе. Ништо не е потребно. Моите чувства некаде на маргините на твоето постоење како булки покрај патот.Самоникли, прекрасни, кои се приметуваат попат, а само сликарите ќе ги овековечат на платно.
Те сонувам толку колку што ти не ме сонуваш.
Те посакувам колку што ти не ме посакуваш. Има ли крај? Нека мртвило ја обои душата, за да најде мир во вечното барање на непостоењето. Нека сите мисли упатени кон тебе нека бидат ѕвезди на ова небо кои сјаат во темнина.
 
Последна промена:

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Пијам од твоето вино ноќва,а ти извираш во моите мисли,одново и одново.И секој миг поминат со тебе за мене е како бајка,ама бајка без крај...