Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

AnGelgirl24

Нов член
16 јули 2013
29
17
3
Две песни посветени на тебе, од збор до збор..благодарам за прекрасните моменти, благодарам што ми даде надеж дека можеби некаде навистина има некој кој е поинаков..оној што го викаат..‘‘вистинскиот‘‘.. благодарам што ми докажа дека навистина постои љубов на прв поглед ..благодарам што ми даде шанса да бидам дел од еден љубовен филм..кој за жал трагично заврши .. благодарам што ми покажа дека не е секогаш се како што изгледа..благодарам што ми докажа дека и машките можат да изглумат цела врска ..хх .. без некоја посебна причина .. благодарам што ме разбуди од долгиот ‘‘зимски сон‘‘ ..а и време е да се вратам во реалноста, затоа што ти ме избави од неа .. ми покажа еден чудесен..надреален свет..полн со љубов..безгрижен .. останав таму .. некаде во јули.. и сеуште неможам да се вратам во сегашноста..се ми е некако помешано ..па и овој БУМ што следеше ..а јас се грижев дека нешто ти се случило .. се сменив..овој месец ипол јас бев во најлошото мое издание..ти исчезна..а јас..плачев со телефонот во рака .. и те барав..секаде .. благодарам за се..ии да .. мило ми е за тебе .. ти си имал семејство .. се надевам дека си навистина среќен сега .. ете..мене ме нема..онаа на која и велеше дека ти е се .. гледам ..имаш некоја која ти е повеќе од се..и нешто со неа кое многу ти значи ..но..како што кажа..јас сум една небитна глупава затрескана во тебе ..срам да ми e ...
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ти и таа. Не болеше толку. Нема ли веќе што да боли? Се ли изболував, се ли исплакав?
Не се скрши ни едно парче од срцево. Дали зошто и онака на милион парчиња е веќе искршено?
Ти и јас со таа и тој.
Некогаш ќе се сретнеме на тротоарот под старата липа. Мене ќе ме доболат сите насмевки заборавени, а тебе ќе те тераат нозете да трчаш за да не мораш да си припомнуваш како ме остави и што изгуби.
Благодарам, на крјаот од сите краишта - ти благодарам. Толку многу научив, дознав, поминав и искусив.
Она што сум јас сега е извајана личност од чувства и дела негувани и правени за тебе.
Среќна сум. Конечно најдов ослободување и нов зачеток.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Повторно изнервирана поради Х причина. Повторно јас бев тој што те смируваше. И успеав.
Секогаш кога си таква наоѓам начин да те смирам, а потоа да ми речеш дека неможеш без мене, затоа што сум тука за тебе за се.

Најмила моја, морам да бидам. Го заслужуваш тоа. Сакам да те гледам насмеана .. не сакам да те видам со солзи во очите, бидејќи вината ќе си ја префрлам на мене, иако јас не сум кривиот. Ќе помислам дека е нешто за кое што сум неможел да најдам начин да биде обратно од тоа.

Не, додека си ти со мене нема да имаш солза во окото. Би ти дозволил, но само ако се солзи на среќа.
Никогаш нема да дозволам да има тага во тебе и во твоите очи.
Сакам да го гледам нивниот сјај, сакам да ја гледам твојата најубава насмевка. Сакам времето да застане и цело време да те гледам таква.

Те сакам.
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Значи дефинитивно до мене е,јас наивна глупача верувам безрезервно и после се удирам со главата во ѕид. Да си направиш ретроспектива од летото досега што имаме поминато,сети се на муабетите ,ќе сфатиш која ти беше другарка и рамо за плачење...Ни ќе сфатиш ни ништо,пак еве си се залажувам себеси...Фала ,навистина ти сум благодарна за ова денес што ми го приреди! Одамна никој не направил вака мизерно и извисено да се чувствувам..Фала!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaraFighter

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Безнадежен трагач по нежност и прегратки. Глупав сонувач за длабоки чувства и очи во кои горат огнови на љубовта. Таа сум.
Од се што правиш сакам да извира љубов.
Многу очекувам?
Знаеш ли дека те сакам? Колку се трудам? Кога ме гледаш - гледаш ли во мене љубов? Се што правам нели вреска колку си ми драг?
Не сакам да ми го купиш светот, сакам конечно да почувствувам одговор.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Зошто се чувствувам толку осамено?Толку тажно? Депримирано?
Ми требаш.Ми требаш многу.Те молам појави се од некаде,изненади ме.Речи ми дека и јас тебе ти недостасував.
Или не вели ништо.Не мораш да кажеш ниту еден единствен збор.Доволно е само да ме гушнеш и да се насмевнеш,онака како што само ти знаеш. Толку сум слаб на тебе.Доволно е само да го почувствувам твојот допир,да го вдишам твојот мирис,да ја потприш главата на моето рамо.Не вели ништо.Дури и да не ме сакаш толку колку што те сакам јас,остави ме бар за момент да се почувствувам сакано.Да се почувствувам среќно.Исполнето.
Ти си мојата дрога.Боцни ме и остави ме да умирам покрај тебе.Остави ме да умирам среќен.
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Веќе долго ме немаш така погледнато,
веќе долго ми немаш ништо раскажано.
Ги тргна нашите слики,
бидејќи нешто ти недостасува.
Ми се јавуваш, и велиш дека не знаеш повеќе,
не знаеш повеќе што може да те допре.
Последните години те вознемирија,
и уште повеќе те збунија.

Држи се цврсто за мене, кога животот те распарчува.
Држи се цврсто за мене, кога не знаеш како понатаму.
Можам да те разберам.
Држи се цврсто за мене, бидејќи тоа е она што преостанува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Tantara

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Најтажно е една љубов да заврши така.. молчаливо и без збор, без ништо што означува крај.
Болно е да остане само спомен кој ќе буди илјадници сеќавања при секој случаен поглед на улица,
а најболно е тоа што во срцето сеуште ќе живее надеж која стално ќе шепоти „можеби сеуште не завршило"
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Исто време, исто место..Иста празнина, а мрак наоколу..Тишина..Тивката музика ја разбива полека, додека во моите мисли беснееш ти..Несебично и оваа ноќ крадеш од мојот сон, крадеш од мојот одмор, од мојот друг свет..Во навика ми премина..Можам слободно да откријам дека постојано те носам од левава страна..
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Сакам да ти кажам....понекогаш ми недостигаат тие твои сино-зелени, тиркизни очи. Како можи после толку години да се сеќавам на се?! Само ние двајца знаевме што имаме, само ние двајца знаеме што изгубивме. Млади и неуморни, цел ден поминат заедно и пак беше малку. Посакувам барем понекогаш да можев да те сонувам. Ја видов нашата прва фотографија....подрум, визба, влага, заљубени, изгубени... Поминаа 5 долги години, а добро се сеќавам на тоа гри џемперче и црвеното шноле. Ти ми беше првата вистинска љубов. Понекогаш сакам само да те сонувам, незаслужив ништо друго, жал ми е што те изневерив...