Сакам да ти кажам....понекогаш ми недостигаат тие твои сино-зелени, тиркизни очи. Како можи после толку години да се сеќавам на се?! Само ние двајца знаевме што имаме, само ние двајца знаеме што изгубивме. Млади и неуморни, цел ден поминат заедно и пак беше малку. Посакувам барем понекогаш да можев да те сонувам. Ја видов нашата прва фотографија....подрум, визба, влага, заљубени, изгубени... Поминаа 5 долги години, а добро се сеќавам на тоа гри џемперче и црвеното шноле. Ти ми беше првата вистинска љубов. Понекогаш сакам само да те сонувам, незаслужив ништо друго, жал ми е што те изневерив...