Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Да останевме заедно немаше воопшто да биди лошо.Но можеби подобар избор беше разделбата.Неможе да бакнуваш некој кој ги крие усните,ниту да му грееш постела кога неговото тело е некаде затоплено.Би се кааела добро пред да сватам,дека се што се случува е со причина.Можеби некоја надворешна сила,знаела подобро од срцево па ме отерала од неговите прегратки.Знам дека за секого постои сродна душа, а и ние двајца бевме сродни,само не души зашто тој неговата ја изгубил негде дамна.Тогаш кога некоја друга му одзела се што имал.И луѓето се себични гледаат што помалку да настрадаат,а што повеќе да присвојат.За да не остане емотивен инвалид тој ми се вбризга под кожата и ми го украде достоинството.Кога останав гола пред себе и пред гордоста беше доцна.Тој имаше се што требаше да биде мое.А моето засекогаш остана туѓо.Ако тој имаше смелост јас немав ни трошка храброст да се вратам назад......
 

Anushka

Полноправен Член
6 декември 2013
15
52
13
A постојат и такви ноќи.
Во 3ипол наутро, облекувам дуксер и тренерка врз пижамите.
- Каде идеш 4 саат е???
- Одма се враќам.
- Добра си...?
- Да бе, до трафика одам...
И прв пат сум среќна во животов што е зима.
Да не беше, маалото ќе беше преполно со луѓе што ги знам, а не ми се гледа никој.
- Ооо комшике па како с.........? Од каде ма ваква никаква, бушава? Од кај дечко ти да не се враќаш....??
- Не....ама ќе му се вратам...Стај ми кредит за *** и дај ми една кутија Родео.
Е да...и една ќеса чипс. И една мастика.
Седнувам на клупа.
Една кај што сум се љубела, и плачела и викала.
Еве ме сега пак.
Пушам цигара во 4 сабајле, сама.
Гледам двајца тинејџери гушнати.
Ми текнува како бев среќна еднаш, кога детската ми љубов која траеше од 7мо одделение, прв пат ме бакна кога бев 2ра средно, а тој 2ра на факултет.
Радости.
Седевме на клупа и се враќав дома, 10 цм повисока, бидејќи лебдев така, а не одев.
И си бев насмеана и многу ми беше гајле кој што ќе си помисли.
Како да беше тоа некоја друга, а не јас, како некој друг живот.
Сега имам други проблеми.
Ја палам втората цигара.
Демек си ветив ќе пушам само кога ќе свршам.
Еве надокнадувам унапред.
Ох колку сум среќна што нема луѓе наоколу!
А не ми се седи сама.
Ми се молчи со некого.
Но не со некој што го знам.
Сите тие се грижат и ги интересира што ми е.
Не ми се збори.
Ја оставам кутијата на клупа, некој скитник ќе ја најде.
Зимам мастиката, да не ме осети демек мајка ми, осеќам будна ќе е.
Па кој друг би ја осетил мојата болка посилно од мене?
- Се врати??? Што праеше?
- Ништо бе, чипс ми се јадеше, еве си купив една ќеса...Добра ноќ.
- ....
- ....
Легнувам, разочарана, искршена.
Вртам некаде - #31# *********
Замижав на бројот, вртам random број.
Ми се молчи со некого.
Ѕвони.
Не ми е важно дали ќе е машко или женско.
Дали ќе е дете или старец.
Ми се молчи со некого.
- Ало?? (поспан машки глас)
- Не ми се заспива сама, а не ми се ни заспива со никој.
Ми се молчи со некого. Што не ме знае. Уморна сум да објаснувам.
Само сакам да молчам...
- ....Те знам?
- Не верувам.
- Сакаш нешто да ти кажам? Или сакаш само да молчам додека не заспиеш?
- Не знам....кажи ми нешто, било што освен тоа дека сум неверна к***а.
- Мислам дека не си. Веројатно си пречувствителна.
- Работата е што јас можам се да бидам.
Сега само прај ми друштво да заспијам.
- ...
Одеднаш почнуваат ноти од другата страна.
"The ponies run, the girls are young,
The odds are there to beat.
You win a while, and then it's done
Your little winning streak....."
Зарем е можено???
Почнува незадржливо липање од мојата страна....
"You lose your grip, and then you slip
Into the Masterpiece.
And maybe I had miles to drive,
And promises to keep:
You ditch it all to stay alive,
A Thousand Kisses Deep"
Во главата ми одѕвонува:
"ЌЕ ОСТАНЕШ САМА! ЌЕ ОСТАНЕШ САМА НА КРАЈ!!!"
....
Утрото се разбудив, во веќе исушена перница.
Телефонот изгледа се беше исклучил одамна.
Ми се потрошила батеријата.
Битно молчев со некого.
Не заспав сама.
Со замижани очи, го бришам и бројот кој го свртев...
....
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Кога ќе заспиеш после еден таков затуткан ден, каде рушиш рекорди на максимално исполнето време, ако се` уште имаш некое парче од тоа детското во тебе – сонуваш...
Да засакаш маж, кој ќе ти ги исправи сомнежите и ќе леташ.
Да засакаш и да ја уништитш потребата од игри.
Да засакаш и да останеш дете.
Да засакаш и да делиш дури и кога денар не останал во тебе.
Да засакаш и да сфатиш дека нема болка во ниеден пораз.
Да засакаш и да сфатиш дека нема солзи кога тагата ќе ја поделиш на две.
Да засакаш и во очите негови со поглед да си ја бараш силата затоа што знаеш дека секогаш ќе ти ја чува.
Да засакаш и зборови да не се потребни дури ни кога треба да чуеш „те сакам“.
Да засакаш и да си на најдеш „домата“ во една туѓа прегратка.
Да засакаш и никогаш повеќе да не бидеш своја.
Да засакаш и да не е важно ништо друго на овој глупав свет.
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
има толку многу работи што сакам да ти ги кажам
убави и лоши работи да ги споделам
но како сеуште незнам како да го направам тоа
прашавме и двајцата....љубов ли е ова или само илузија ??
испадна дека е она што го знаевме и осеќавме и двајцата нели...
но зошто денекса е вака...зошто одиме по возот и се бараме еден со друг
сеуште сум таму на истата клупа седам и ја гледам месечината....која знае многу зборови кои срцето ги прати да ти ги каже
го стегав но тоа беше помоќно од се во мене....
знаеш...знам дека знаеш...и знаеш дека знам....
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Низ маглава ги праќам зборовите до тебе, да ти шепнат на уво, дека те сакам.
Да бидеш опколена од нив, и да ти шепотат без престан.
Да ја почувствуваш нивната љубов,нивната топлина и радост.
Да те направат среќна, знаејќи дека сум секогаш тука за тебе.
Те сакам мила моја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha and Змејче