Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Ветувам дека никогаш нема да го заборавам денот кога ме бакна...и уште повеќе денот кога прв пат те запознав...небото може да се сруши, ѕвездите да се пребројни, но на крајот јас сеуште ќе те сакам!
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Што кога ни 31та буква од азбуката не се доволни да ги опишам сите спомени кои ме прегазуваат во моментов? Што кога едно смотано петолиние е маргинализиран систем кој е невозможен да се пише една симфонија на чувства? Што ако секое вдишување и издишување се стреми да застане кога погледите ни се пронаоѓаат? Кажи ми ја логичната следственост на случувањата од својот зачеток до крајот и одма ќе те побијам со своите нелогичности дека крај и не постои. Не го гледам, не во овие и слични околности.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Спиј најмило мое,и кога спиеш сум покрај тебе,
Сонувај ѕвездо моја,и во сонтот сум ти присутна,
и утрото кога ќе ги отвориш очите повторно ќе ме видиш покрај себе...
секаде заедно бејби мое (hug)
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Многу имам да ти кажам. Сакам хаосов во главава да го претворам во реченици, ама не можам. Еве уморна сум. Секогаш кога е тешко утехата ја наоѓам во пишувањето. Еве сега претешко ми е, а не можам да пишувам. Уморна сум. Што да ти кажам? Дека солзите синоќа ми ја направија перницата за килограм потешка? Дека по тоа твоето „те познавам, немој да се грижиш, го знам тоа..и јас исто чувствувам“ ти вчера ми ги пресече крилјата, а пред тебе немав??Сега вреди да пишувам, да ти кажувам ? На сите можни начини ти покажав колку ми значиш , а ти само ми покажа дека не ме познаваш. Се паѓа во вода. Уморна сум.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
And I need you now tonight,
and I need you more than ever,
and if you only hold me tight
we'll be holding on forever...
I really need you tonight,
Forever's gonna start tonight...
Once upon a time I was falling in love
But now I'm only falling apart..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius, JaMi and Tantara

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Го носам на себе благиот мирис на твојата кожа.
Синилото од твоите очи се преточува заедно со синилото на моите.
Заедно се најсилна и најубава нијанса на сино.
Во твојата немирна насмевка ја гледам палавата, невина насмевка на нашите деца.
Се радувам на она што го градиме... две децении го чекав мирот и спокојот кој го нуди твојата прегратка.
Се обидувам да си го составам срцето и да ти го дадам целото зашто го заслужуваш.
Имај трпение, моите демони нема да ме остават така лесно.
Некои делови болат и притискаат дури и кога не сакам...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сакам да ти кажам и конечно
да си признаам себеси дека те сакам.
Луда сум за тебе.
Другото..па и ништо друго не е важно.
Можеби..некогаш..некаде..случајно или намерно,којзнае.
А можеби и не.
Нека времето си го направи своето.
Еднаш ми рече,да не се обидувам да ги променам работите.Нека тече се како река без брани.
Нека тече,нема да менувам ништо.
Колку повеќе ја одбивав мислата на тебе,толку повеќе ме обземаше некоја љубов кон тебе.
Мислам на тебе секои 66мин.и 6 сек.иако не го сакам тоа.
Не сакам кога лутам со мислите.
Тогаш сум блиску до тебе,но далеку од себе.
Мислев ако ставам штит на себе ќе се заштитам од љубовта,ако држам дистанца од тебе нема да се случи.
Но се случи и...би напишала цела книга со моите чувства кон тебе,секое едно.Начинот на кој доаѓаат,ме обземаат и заминуваат.
Добро ги препознавам уште пред да излезат од длабочината.Секој нивни румор,шепот,секое нивно раѓање,па дури и зачнување го препознавам и би ти раскажала се..но без зборови.
Тие чувства..
Се знаеш нели?
Знам дека знаеш.И јас знам.
Ме познаваш подобро од било кој,ги знаеш сите мои демони и ангели и зборови не се потребни за да разбреш и знаеш..
Ти благодарам.
Затоа што си ти ти.