Пред да ја ставам главава на перница, помислувам на тебе, со тоа како ми недостигаш да бидеш покрај мене, иако не си тука ми недостига твојата прегратка, со која заедно заспивавме и сонувавме. Магливово небо не го погледнав ноќва, иако не ме спречува да пратам преку безбројните ѕвезди тивки зборчиња до твоето увце, за да ти кажам колку те сакам и слатко да сонуваш, но знам дека си таму некаде....ноќва затворам очи на перницава и те сонувам. Утре со нов елан за уште понови соништа...