Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Хмм...Сакам да те прашам за последен пат...Каде ли е прегратката твоја сега? Не Будва, не Амстердам или Бора Бора, каде и да заминиш мислите неможиш да ги замениш...
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Годините ми ја дадоа мудроста да го распознавам тоа што зборовите не го кажуваат. Но и да го чувствувам тоа што во децибелите на звукот се сокрива од твојата уста. Знаеш, многу знам а малку можам да изменам.
А, сепак недостасуваш во ноќва, во самотијата, во душата.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Земи ги со тебе сите Нехови мапи, планови во изградба и стеларни карти. Земи го и сјајот на летната рамноденица. Сите приказни за снежни градови и светкави огништа за кои толку ми зборуваше. И нив земи ги. Јас не знам дали се прекрасни, се изгубив барајќи го патот до нив. Зошто никогаш не ги погледнав низ моите очи туку ги чувствував преку твоите. Ја држам блиску до мене само замислата на тоа како изгледале еднаш. Сега сигурно поинаку и ги раскажуваш неа.
Поднамести ги очилата, стегни го срцето и забрзај го чекорот. И оди. Само оди и не гледај назад. Диши од здивот на новиот живот. Ох сиот тој храбар, нов свет!
Те чекаат тротоари да бидат излижани од твоите чекори.
А јас, јас ќе гледам да го забрзам својот пред црните облаци да ме удрат право в лице. Пред да се свие и рашири црнилото на асфалтните цветови покрај пругите.
Побрзај.
Уште можам да ја слушам крвта која навира во твоите дланки чиниш е метална игла која се гуши во ехото на тишината иако поминати се километри од твоето заминување. Немој, да престануваш. Само оди побрзо како да иташ кон најубавите денови во твојот недопатуван живот.
Навистина мораш да побрзаш око мое недосонувано, возот на заборавот те чека.
Додека jас сум само кукавица. Никако да направам чекор и да се качам. Само млитаво клечам потпрена на студените перонски бетони како ништо да не ми е јасно, мафтајќи со бело марамче додека се гушам од чадот што го остава возот зад себе. Нема проблем, ќе дојде пак. Ако не сега – следниот пат. Речиси сум сигурна. Тогаш ќе дојдам порано. Ќе дојдам подготвена и облечена. Со чисто срце и мирна душа. Ќе се качам како да ми гори пламен под нозете и студено ќе заборавам.
Дали твојот компас покажува на северот во тебе?
Мојот показалец уште покажува на Нешто.
Твојот, скришно погледнувам, е закотвен на Ништо.
Но ни двајцата не покажуваме кон некогашното Те сакам.
Нема никој таму. Нема ништо освен неколку подзасушени бои на дрвената палета врз размачканото платно чиј изглед нема повеќе ама баш никаква смисла.

А ако се сретнеме во иднината, а знам дека ќе се сретнеме...
Тебе за прв пат ќе те пресретнат старите сенки, а јас неуморно и безумено ќе ги поздравам, тапкајќи ги по рамо како мои стари пријатели.
И тогаш ме погодува од никаде.
Ти се смееш.
Ти си среќен.
А не знаеш... Не знаеш како било да си буден во оваа доба кога не знаеш дали е утро или темна ноќ.. Дали од љубов или од осаменост.. И не знаш од што повеќе ти доаѓа мачина, што е полошо од нив две.
Ќе фалиш само во моменти како сега. Повторно од почеток да заспивам во твоите раце што за мене беа извор на чиста среќа.
Тогаш ќе го притиснам јазикот на заби, за да не процедат ниту еден збор.
Ниту здраво, ниту каде беше. Ништо.
Ќе те оставам да одминеш, и ти ќе си мислиш дека сум продолжила понатаму со животот...

Сега месечината нека ти биде фенер низ необележаните шумски патишта во твојата карта, а мене нека ми подари нишка од нејзината скромна грациозност и елегантност, да го напишам сето ова што постојано ми гори на дланките и не ја остава тежината на клепките да ги склопи во своето лежиште.
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
И ете повторно јас и ти...сакавме да постигнеме повеќе да бидеме заедно но ти и тој твој пуст инает да ме направиш љубоморна што држиш друга за рака.....ех пријателе мој се што неќеш,еден ден толку силно ќе те дрецне и ќе те акне од земја,и ќе ти дојде на глава па нема да можеш да се соземеш подолго време....И тогаш ќе ти текне на мене ама ќе биде касно ....веќе е касно ...можевме да имаме се а ти избра ништо.Од тоа твое еднаш кажано те сакам во толку месеци не беше доволно,имавме прекрасни моменти поминати заедно кои знам вечно дури си жив ќе ги паметиш,и ќе жалиш што нема да можеш повеќе да ги доживееш.Жално е што не се потруди воопшто за да бидеме заедно а можевме.....и сакавме....ама не е доволно кога сака само еден.Ми рече ќе се бориме заедно НО со што,за што,и за кој?Со ништо не ми докажа дека сакаш да бидам до тебе освен во тие наши прекрасни моменти ....ех да бевме заедно јас и ти ќе беше вака ќе беше онака епаа пријателе не сме и тоа ради твоја вина.Сега читај и биди среќен.Јас секогаш ќе те носам во срцево како грутка и како желба која никогаш не ми се оствари...Повеќе не ти барам одговори ниту поставувам прашања.Ќе ти поставам само еден услов и ќе побарам нешто.Оди и не враќај се.Веќе нема место за твоето име во моето прашање.Па и да ставам точка на местото каде што би ставила три точки.Па и да те немам за навек.И да сум туѓа уште утре.Нема да ме боли.Јас живеам во тебе.И каде и да одам ќе те носам во мене !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius and Prashina

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Не можев да и кажам збогум,додека нејзините срнести очи ме стрелаа.Продираа низ рожниците и патуваа до срцето.Патував и јас таа ноќ од почетокот,па се до крајот.Некаква празнина ме обземаше,иако спомените беа полни со емоции.Секој минат ден беше една тешка слика,слика која тежеше од љубов и ме удираше по глава.Како да го видов животот да прелетува крај мене.Како да ја оставам таа е мојата малечка,таа е сонот поради кој и перницата ми стане омилена друшка.Таа е јаве на кое не смееш да замижеш.Таа е јас.И јас сум таа.Но веројатно не сме повеќе ние.Барем да се разделиме кукавички.Не сакам да ја паметам нашата последна средба по тагата.Само ќе ме премислува и ќе ме враќа назад.А слаб сум на нејзе..Силен за нашата љубов.Не сакам да и го запомнам ликот со солзи во очите.Јас се вљубив во нејзината насмевка сакам таква да ме отпрати.А може човек да се смее кога умира одвнатре?И ќе можам ли,јас да ја гледам таква насмеана,како да не и е грижа што ја оставам?Или потсвесно ги посакувам влажните очи,а насмевката ми е само сладок спомен.Кога би можела да ги свие усните и да ме избрка далеку,јас повторно би и притчал во прегратки.Но таа е добра пријателе.Таа не го заслужува телово кое копнее по секоја женска во градот.И млада е.Нека ги минува годините со радост,нека се вљуби во некој со кого ќе пораснe и ќе и ја одземе невиноста од очите.Ја сум стар волк кој еднаш го сменал руното.Вториот пат ќе биде катастрофален,а јас ќе се вратам на минатите корени.Ѕверот неможе да прерасне во човек,иако човекот станува ѕвер.Не љуби оној кој најгласно кажува туку оној кој молчи.А јас ќе премолчам дека ми недостига.Само така ќе се откаже од мене.А и јас ќе се откажам од неа телесно...Само зошто ја сакам и се грижам за нејзината иднина,во која за мене нема место.Таа тоа сеуште не го знае.Верувам дека еден ден ќе свати.Ќе свати дека нејзините години не одговараа на мојата непромисленост..И ќе го мрази од дното на душата човекот кој ја сакал најмногу.Нејзината прва љубов,а за мене последната на која сум ја вложил солзата од белкиве.Ретки се вистинските стории,а вистински се овие,реткиве како нашата.Оние кои имаат минато,без да очекуваат иднина.Би сторил се за тоа минијатурно човече.Веројатно сторив премногу се одреков од љубовта и се повредив себеси...
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
I love U
530760_4535180130825_2035140899_n.jpg