Уште еден ден поминат без тебе.Уште еден пеколно тежок ден,во кој се будам и знам дека ме чека истото што и вчера,истото што и утре: преживување. Преживување на уште ден обидувајќи се да заборавиш на сите проблеми. А за некоја беља, сите мои проблеми се поврзани со тебе. Ти, центарот на мојот универзум. И го знаеш ли она чувство кога си во друштво а сите околу тебе се среќни, покрај нив и ти правиш напори и ја ставаш на себе својата најубедлива насмевка и се правиш како се да е розево,се да е толку проклето добро?-а всушност сакаш да вресниш, сакаш да обвиниш некој за твојата несреќа, за твојата тага и твојата болка. Сакаш да ги удриш,да им се развикаш во лице: Какви пријатели сте вие ако не можете да ја приметите мојата тага? Какви личности сте вие кога зборувате за вашата среќа а не забележувате дека јас умирам одвнатре? Ама секако, тука мора да се најде и некој "паметен" кој ќе сака да ја испита твојата состојба,па ќе рече 'Знам дека никогаш не ја преболе.Знам дека сеуште ти е во мислите. Остави ја брат,не вреди' и чека. Чека да кажиш нешто. Како на филмовите,знаиш? Демек, јас знам дека никогаш не ја преболи, колку ефтино! Всушност се сити на твојата тажна приказна.
А јас?На моето лице се појавува огромна насмевка, почнувам да се смеам за никој да не го забележи мојот крик, моите придушени солзи... и со кнедла во грлото велам: Таа е стара приказна. А бесрамно лажам. И лузните на моето срце повторно се отвараат, полека полека почнуваат да ме печат,да ме горат додека некој друг продолжува за својот љубовен живот и зборува колку е среќен и задоволен. И тогаш се прашувам : Зошто не сум среќен како него? Зар не заслужувам и јас да ја имам личноста што ја посакувам покрај себе? Зошто мора олку да боли?
Потоа само давам некој изговор кој не држи вода и одам на некое место каде што можам да бидам сам.Каде што можам да размислувам за тебе, за нас. И додека ги црпам последните сили да не експлодирам, мислам на тоа како е најважно ти да си среќна. На крајот на краиштата се се сведува на тоа. Само ти да бидиш среќна. Јас и онака сум навикнат да патам.