Гo читам Лешоски или како и да се вика, ги читам сите нови чувај го лепотице, чувај ја пријателе и се прашувам дали сум нормална?
Не, јас не ти рецитирам секоја вечер поезија.
Не те будам со кафе.
Не ти кажувам секој ден колку те сакам, зборот си ги губи убавината и скапоценоста кога е кажуван секој ден.
Не толерирам кога грешиш, порадо ќе си ги истераме очите од главата, ама барем ќе ја исправиме работата.
Не станувам порано од тебе, знаеш колку сум уморена и капната за спиење.
Не сакам ниту да ми отвораш врати од автомобил.
Не сакам да молчиш, туку сакам да ми кажеш каде грешам, подобро сите проблеми да ги решиме, отколку да се трупаат под чаршав.
...
Ама ти најдобро од сите знаеш колку сум твоја и колку си ти мој.
Јас не ја ставам нашата љубов во рамка, ами оставам да си е наша на наш начин