Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Зошто не ме разбираш кога ти објаснувам дека за тебе сум како отворена книга додека ти за мене си забранет ракопис? Секој мој поглед, насмевка и скриени солзи под очни капаци ти објаснуваат колку сум те прифатила со сите твои маани. Не сфаќаш ни дека секоја тежина што ја чувствуваш ти, мене ми создава грутка во грлото и модри подочници. Очите ми се крвави кога гледаат во твоите тага. Да можеш да погледнеш во душава, ќе се пеплосаш. Не од огнот кој гори во неа, туку од копнежот што го тутка во себе зошто не може да го спитоми. Како да ти објаснам колку ти посакувам мир во душата кога немиров во мене ми ги пара со наострен нож мисливе? Ах, те сфаќам, ама не те разбирам. Сакам да знам што ти ја растреперува душата, што ти го разигрува срцето, каде ти тонат соновите...Не, не барам да ми ги напуштиш мисливе, иако главата си ја чувствувам потешка со тебе ден и ноќ во неа. Срцево ми чука неправилно. Не ми ги напуштај мисливе зошто без тебе во нив само пустош ќе остане. Ќе стивнат сите гласови, а тишината ме плаши Дозволи ми само да ти објаснам колку јас те разбирам, те познавам. Те знам. Те знам. Те знам. Ќе умрам што не сакаш и ти мене, А јас те знам. Таков те сакам. Тебе.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Не знам веќе што да ти кажам. Нели сме другари само,зошто тогаш ми е тешко?
Ме изненади повикот твој,си реков стварно му недостигам,ама не
ти се јави за да ми кажиш дека си во врска?!!!!!


Па секоја ти чест.Па нели ти беше другарка? Би те замолила да си одиш од животов мој,и да не ми се јавуваш повеќе . ТЕ МРАЗАМ НАЈМНОГУ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Сакам те еј
у суботу морски плодови за голему четфорку од Агату : )
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Како ден е јасно дека нема да бидеме пак заедно.Ти и јас.Колку и да изгледа недовршено нашево.Јас и ти за се сме само за љубов не.Па и деца во основно се поозбилни од нас.Ич да не се секираш.Нашево е за медал.За диплома сме јас и ти.За месец дена собравме спомени и емоции да напишеме книга.Нема ко мене и тебе.Нема ко нашево.И немој да си седел дома за викенд.Има бре да пиеш жени да ти се лепат,да играш да однесиш некоја дома,да пееш,да се смееш да уживаш како јас и ти.За малку ќе беше многу она нашено.Пушти го нека се лизне низ прсти.Нашето.Завршеното.Па и да ставам точка на местото каде што би ставила три точки.Па и да те немам за навек.И да сум туѓа уште утре.Нема да ме боли.Јас живеам во тебе.И каде и да одам ќе те носам во мене !
 

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Aaaand it's over. Само рушам рекорди значи. Ова беше најкратката врска во мојот живот. Бора Чорба си имаше еден добар стих: ko sa decom spava popisan se budi.
А и од нашата естрада има добри стихови :) На пример: дал да плачам ил да пеам.... Не можам да се одлучам.
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Не ми треба причина за да те сакам, исто како што не ми треба причина што верувам дека Бог и љубовта постојат. Се' што треба да направам е да те сакам се' повеќе и повеќе и повеќе секој ден...!

tumblr_luhv808XL31qfl54bo1_500.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaraFighter