Сакам да можеше барем еднаш да го слушнеш гласот на мојата душа, да го осетиш ритамот на моето срце и треперењето на моите нозе, во моментите кога само ќе помислам на тебе. Ти ја дадов целата љубов, не оставив ни малку за мене. А за да бидеш човек, треба пред се да се сакаш самиот себе си. Зарем мораше до овде да стигниме? Да правеше барем пола за мене, од тоа што го правиш сега, се ке беше совршено! Волците кои ги испрати по мене, ке го изедат и оној малку живот што остана во мене, барем замоли ги нека ме изедат цел, за да не остане ни капка црвена крв, ниту едно сеќавање...зошто само ако каснат и остават да боли, ке се вратам и нема да бидам Јас, тој што ќе те моли...