Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,063
1,133
Во темнината се појави како сениште од некоја младост одамна заборавена, изветвена, изгубена. И донесе светлина во рацете како факел, во зборовите, во допирот, во насмевката. Те уплашив со моите солзи, а толку многу не сакав никому да му ги покажам. Ја препозна тагата на мојата душа и како да допираш пеперутка внимателно се обиде да го отклучиш срцето. Тебе не требаше ништо да ти кажувам-ти знаеше се. И мене не ми требаа зборови, твојата тага мирисаше оддалечина. Две здружени таги , се прашувам што носат?
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
33
Western Sky, Land of Oz.
Влечкајќи ја косата низ густиот скопски воздух, те здогледав вчера.
Истите дебели очила и сериозната насмевка.
Рингишпил во главата, мраз во вените.
Каде ли беше?

Да, деновите помеѓу нас одамна поминаа. Кои денови, месеци.
Поминаа, и нечујно не одминаа.

Зошто се чудиш што мојот поглед не го прекрши твојот кога се разминавме?
Се прашуваш ли, каде ли гледаше?
Каде ли беше?

А ти?
Кога го снема единственото мое бегство од здодевните неонски светла и распишани хартии, се прашувам...
Каде ли беше?

Кога сака да легнам, само проклето да легнам во креветот и да гледам низ прозорецот во тишината...
Тогаш....
Каде ли беше?

Мојот поглед беше таму. Длабоко во промените. Ден по ден поминува и мислиш дека ништо не е променето се додека не сфатиш дека се е различно.
И хоризонтот и погледот не е истиот. И тој е различен.

Не ми требаш.
Прости за се што направивме.
Само бевме љубопитни.
Љубопитни и реални. Присутни.
Пристуни и вљубени.
Пробавме.
Не повеќе.
Поркај тоа, имаш ли сеуште право на ,,каде ли беше?”


For you, forever ago.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Спиеш?
Спиеш, а?
А ти реков да не спиеш кога другите спијат! Не ме послуша ни тоа, не било нормално така...
Спиј... ;)
Спиј како другите, бидејќи другите се побитни од себе си!
Спиј... ќе умреш секако и нема да се сеќаваш дека си постоела!
Твоја живот, твоја волја... (inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Проклет да е денот кога да те запознав,проклета да е љубовта што ја чуствувам што не ми дава сон секоја ноќ,проклети да се деновите исполнети со љубов и убави моменти исполенти со среќа,мир,задоволство,убавина...проклет да е секој ден ден без тебе,сите места кои ме потсекаат на тебе ....проклето да е се .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Badgirl