Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Ништо не е повидливо
и ништо не е поприсутно од твоето отсуство
ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот,
ни притаената светлина во купениот кибрит;
ништо не е повидливо од твојата трага
пред мене и зад мене, со мене и во мене

- Прво писмо - Петре М. Андреевски
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
незнам какво е ова срце мое проклето, незнам како можи да сум толку слаб на тебе, незнам колку лошо можи да се случи-што можам да го простам и незнам до кога и колку многу можам да те сакам...
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Тешко е кога човек е сам.
А уште по тешко е кога се и двајцата сами.
Бар тебе да те видам среќен.Можеби тогаш ке се смирам.
Можеби тогаш ке научам дека не е надеж кога знаеш дека напразно се надеваш.
Дури тогаш можеби ке го приметам сето она што се удира од мојот зид кој за тебе го изградив.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
До кога ќе живееме од спомени драги? Минатото не се заборава, знам..но иднината се создава.А ти го забораваш тоа..
Зарем мора да живеам со траги на минатото кога сакам да се борам за иднината?
Зошто не ми помогнеш..зошто забораваш дека еднаш родената љубов не е доволна? Таа треба секој ден одново и одново да се надоградува и обновува..
Одново и одново да ми го освојуваш срцето токму во оние моменти кога ќе мислам дека се` е готово ти да ми ја вратиш надежта дека нашата љубов не умира..
Но ти забораваш, забораваш да создаваш заедно со мене, забораваш да ме држиш за рака и да чекориш напред, забораваш да ги припоиш усните кон моиве и да го изустиш она што најдобро умееше да го кажеш...забораваш да ми кажеш дека ме посакуваш во твојот живот..
 

scarstone

Староседелец
15 април 2013
22
25
603
Не знам веќе што би можела да ти кажам. Сè почна како една убава приказна. Нѝ позавидуваа на слогата, на среќата, на силата да истраеме против сè и против сите. Сèуште нѝ завидуваат. Само се плашам дека веќе немаат толкав повод за тоа. Што вреди прегратката некој ден потоа и уверувањето дека не сакаш да ми е лошо кога еднаш ладнокрвно гледаше како се уништувам од страдање? Како да им верувам на тие зборови? Како да не се ладам кон тебе после тоа? А не сакам. Тоа значи дека дефинитивно би било крај за една убаво започната приказна.
Се плашам дека малку недостига за да можам в лице да ти речам дека не те сакам повеќе. :place
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ете се случи и она кое знаев дека еден ден ќе се случи.
Вие зaедно. Неа ќе и посакуваш добра ноќ, ќе ја водиш за рака онаму каде не ме однесе мене, неа ќе ја љубиш како што те љубам јас, како што не ме љубеше мене.
и тоа ќе биде долга врска, убава љубов, ваше е да траете. Знам декаа ќе траете, како што знаев дека ќе сте заедно. Биди среќен, ќе ме стигне и мене, дотогаш ќе се справувам со сите мои демони сама.
како и до сега.
Се мразам себе си што те сакам.
Од што е болно, не знам колку боли. Не сум свесна колку ме распарува. Не сакам ни да бидам. Страв ми е што ќе биде кога ќе помине дејството на анестетикот наречен лажна насмевка и привидна не грижа.