Влечкајќи ја косата низ густиот скопски воздух, те здогледав вчера.
Истите дебели очила и сериозната насмевка.
Рингишпил во главата, мраз во вените.
Каде ли беше?
Да, деновите помеѓу нас одамна поминаа. Кои денови, месеци.
Поминаа, и нечујно не одминаа.
Зошто се чудиш што мојот поглед не го прекрши твојот кога се разминавме?
Се прашуваш ли, каде ли гледаше?
Каде ли беше?
А ти?
Кога го снема единственото мое бегство од здодевните неонски светла и распишани хартии, се прашувам...
Каде ли беше?
Кога сака да легнам, само проклето да легнам во креветот и да гледам низ прозорецот во тишината...
Тогаш....
Каде ли беше?
Мојот поглед беше таму. Длабоко во промените. Ден по ден поминува и мислиш дека ништо не е променето се додека не сфатиш дека се е различно.
И хоризонтот и погледот не е истиот. И тој е различен.
Не ми требаш.
Прости за се што направивме.
Само бевме љубопитни.
Љубопитни и реални. Присутни.
Пристуни и вљубени.
Пробавме.
Не повеќе.
Поркај тоа, имаш ли сеуште право на ,,каде ли беше?”
For you, forever ago.