Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ако ти го покажам тогаш веќе нема толку објективно да прокоментируваш :)
Тогаш објективно ќе го тепам?
Не... јас се’ нешто си мислам дека е добар дечко :) Чим ти без двоумење си одлучила да не му речеш „стоп“ на срцето...значи си направила добра проценка :) Сигурен сум :)
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Тогаш објективно ќе го тепам?
Не... јас се’ нешто си мислам дека е добар дечко :) Чим ти без двоумење си одлучила да не му речеш „стоп“ на срцето...значи си направила добра проценка :) Сигурен сум :)


Објективно, субјективно..како сакаш ти, бирај...само не го тепај :)
Инаку убаво си мислиш ти, добар дечко е само немоќен е во моментов, го разбирам јас..следуваат подобри времиња :)
Подобра проценка не можев да направам, верувај ми :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and Photographer

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
i'll be there for you...
13643812411191661931.JPG
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Ме исполнува твоето присуство .. твојата љубов .. твојата прегратка.
Ме исполнуваш самата ти кога си до мене.
Досега никој не направил да се чувствувам така, само ти, за толку кратко време.
Се чувствувам преисполнето кога си до мене. Да, го правиш тоа.

Незнам како успеа, но ти честитам. Само продолжи да го правиш тоа на начинот на којшто го правиш сеа.
Продолжи, не се откажувај никогаш. Те молам.

Те сакам.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Запри ја вревата на целиот свет и легни до мене под нашето ќебе. Не изустувај ниту збор. Остави звукот на твоето дишење да ми ја говори вистината. Зошто јас не можам да ја погледнам во очи вечерва. Сакам да ја слушнам само од твојата присутност. Нека биде брзо. Брзината од секогаш ни била најголемиот сојузник, а времето најголем непријател. Смешно, зар не? Таа длабока издишка ми го кажува сето тоа од што стравувам. Нема повеќе илјадници ,,Те сакам”. Тука повеќе не припаѓаш. Мене не ми припаѓаш.
Утрото од секогаш било долг кон заљубените очи како два пара џамлии во ноќта... Миличок, сјајот во твоите одамна згаснал, забележувам. Не сакам да го потрошам викендот на твојата ,,скоро вистинска љубов”. Само дај ми време. Дај ми уште некој твој утрински час. Уште само некој откинат час, со отворено срце и однапред откажана битка да заборавам.
Лежиме во мракот ти и јас. И нешто поранешно, што останало да потсетува на нас. Ајде да го трошиме времето залудно во тишината, бркајќи ги мистерозните ,,зошто” околу нашите замолчени глави. Додека ги кажуваме нашите неми и долги збогувања, како да имаме друг избор, се прашувам што ќе ја одржува твојата душа топла? Или поточно – која? Сигурно имаш на ум неколку ќебиња како нашето да се згрееш..
Време е дa си ги поделиме улогите.. Не сакам да ја играм улогата на скршена девојка повторно, а во тебе огнот за борба одамна е изчезнат. Затоа земи си ги алиштата, излези на прсти и повлечи ја под прагот на вратата сета наша заедничка историја во вител од чад и пепел...
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
,,Знаеш, зборовите имаат свое време на кажување.
Треба да се кажат во вистинскиот миг.
Ако се изговорат порано или подоцна тие губат од својата силина и нивната моќ бледее.
Ништо не може толку да изветвее како зборот соопштен премногу доцна.
Исто е како воопшто да не бил изговорен.
Стрелата е фрлена, само лета во празно, не постои мета што ќе ја погоди".

,,Последниот чај "- Винка Саздова
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Доаѓаш,ме гушкаш нежно како да сакаш повторно да навлезеш во мене,во мојата душа и срце,да го нарушиш спокојот кој го створив во твоето отсуство..

Ме прашуваш:
Каде згрешивме убава моја?
Што се случи?
Немам зборови кои можам да ги кажам,да ги изговорам,да ти одговорам.

Во себе помислувам..
Се изгубивме измеѓу ноќта и денот.
Измеѓу светлината на душата и темнината на разумот.
Се изгубивме измеѓу желбите и очекувањата кои ги наметнувавме еден на друг..

Не се изгубивме,изустив..
Тука си ти,тука сум и јас покрај прозорот гушнати гледаме во далечината на денот..

До кога само??
Помислив...и се свртев избегнувајќи уште еден допир..
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Се што јас сакав беше со тебе заедно да откриваме нови светови. Заедно да пловиме во непознатото. Заедно да стануваме искусни. Да го доживуваме светот, да го вкусуваме неоткриеното, прегрнати да ја испраќаме ноќта и да го дочекуваме утрото.. Да се откриваме себе си, соголуваме и соблекуваме...
Се сакав со тебе да научам, да ми бидеш учител исто онолку колку што си ми ученик, да не знам ништо повеќе од тебе, а да можам да те научам, да можеш да ми раскажеш нешто ново и да го запаметам засекогаш...
Се сакав заедно да поминеме...
И да напишеме една прказна за нашите деца...
Ама ете, некој друг ќе патува со мене, кој знае кој, каде и кога...
и дали?