Како 15 годишњак не го испуштам телефонот од рака. Чекам да се јавиш, а сепак те нема. И дремам на фејсбук, како идиот, и покрај тоа што знам дека си на работа.
Те познавам толку добро што знам дека и ти чекаш повик од мене. И останува на тоа. На тврдоглавоста.
И се будам во сред ноќ, за да се завртам немо накај ѕидот, да погледам во празно и пак да ги затворам очите.
Ти... ми недостигаш како никогаш до сега. Не можам да не се запрашам што понатаму? Како понатаму? Дали остана нешто за понатаму?
Овој пат си згрешивме многу, јас станав хистерична, ти занеме. Зарем беше последен пат?
Колку пати се погазив за нас, колку пати преќутував. А знаеш дека јас не ќутам.
Јас живеев/живеам за нашата љубов. И ти кажуваше така, а сега помалку верувам.
Зарем беше последна ноќ заедно, последно поделено парче торта, последно кафе испиено?
Знаеш дека јас и ти сме еден за друг? Ме сакаш, знам.
Ако е ова крај, дозволи да го наречам нов почеток. Почеток на изнаоѓање на нов пат што не води еден кон друг.
Со среќа.