Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Демек си привилегиран кај мене.. тоа сакаше да кажеш? Е па повеќе не.. кај да е тука не ти бегаат клоците Френки ;) Не си заслужил..
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Ти простив, во името на се што поминавме до сега.
Ги знаеш точно работите кои ме фрлаат на земја.
А сега се препуштам на твојата прегратка и чајот од нане. Песната што ми ја посвети чувствувам цела ноќ ќе оди на рипит.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Не сме ја и ти еден за друг. Многу е лошо кога во заебан ден некој си става сопствени работи пред тебе, подметнувајќи муабет дека е тоа за нашата иднина.
Не, не е!
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Не,овој пост нема да биде точно за Него,Тој или незнам шо.
Сакам да биде оној до мене да си слушаме музиче на Антенна фајв.Зашо,сеа има лав сонгс а глупо е бе сам да ги слушаш,и да паѓаш у депресија.Сакам да дојде оној,да ме гушне силно и заедно цела вечер да се бакнуваме и мрдаме со газињата на овие факинг шит песни.
И рекле,нека се сети некој да ми ѕвони у 3 по полноќ ќе го отерам во пи*** мат**.Ех,јас баш би сакала мене некој да ми се јави и да ми рече,Лепа Те сакам.Абе,ќе се омажам за него,мајке ми!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Од првиот ден кога те запознав знаев дека ти не си како другите. Ти ми ја врати насмевката која веке одамна беше избледнела, кога бев среќен, исполнет со љубов. И еве дојде ден и јас да се искажам,да не останам недоискажан!
Нашата врска ми беше се, нашата љубов незамислива. Како што секој ден врвеше, јас се повеќе се заљубував во тебе и се повеќе сакав да сме заедно. Што се случи? Зошто се случи? Зарем љубовта не беше доволна? Мислеше ке ме изгубиш? Не, никогаш нема. Само ти ме доби вистински, само ти ме доби целосно, само ти не ме делеше, само ти ке останиш една и единствена, само ти го зароби срцето мое, засекогаш да остани твое. Јас сум сега човек без срце. Тешко ми е. Имав една едноставна желба. Да трајме! Секое утро да се будиме заедно, да ја гледам твојата насмевка, ти да ме штипиш и галиш како и секогаш.Ми недостигаш! Секој дел од тебе. Ми недостига и пораката која ти ја пишував за добро утро. Знам дека и тебе ти е тешко, знам дека не ти е розово, знам дека ме сакаш, знам дека несакаше да е вака. Поминавме многу заедно. Долг тежок период за двајцата, многу напорен. Жалам што ги трпеше сите мое срања, мојот одвратен карактер, а најмногу љубомората. Навистина не постоеше причина за љубомора. Кога и да ги затворам очите го сонувам секој момент поминат со тебе, секоја прегратка, секој бакнеж, секое галење и мазење, секој момент додека водевме љубов...колку тешко ти беше да кажиш „Те сакам“. Знаев дека еден ден ке сакаш да си подалеку од мене, да избегаш. Дојде и тој ден. Можеби јас те избркав, честопати го кажваше тоа, да престанам да те бркам од мене. Можеби никогаш незнаев да ги покажам моите чувства, можеби не го знаев вистинскиот начин, можеби не го знаев твојот начин. И ова не е мојот начин,ама само вака можев да се искажам, за да не останам недоискажан, само вака знаев дека ке стигни до тебе. Благодарам што ми дозволи да Те сакам,благодарам за времето што го помина со мене, што ми покажа и докажа дека вистинската љубов навистина постои. Мислам дека нашата беше таа. Секогаш кога мислам на тебе ми идат солзи, не поради што си замина, туку Јас што дозволив да си одиш. Тебе најмалку сакав да те повредам. Не ме заборавај, секогаш ке бидам твој и секогаш ке те сакам. Жал ми е што нашата љубов не беше доволна!:place
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
И после толку солзи, мачења и борење еден за друг, не ни потрае љубовта да си се убиеме. :|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Кога гледам дека сам си ги лајкнуваш сликите, чисто се подразмислувам дали и сам си се бацуваш дома во огледалото :D
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Јухиии..две години заедно јас и ти, заедно ние. Добро, денеска +1 ден :D
Многу ми значиш и не знам како да ти го покажам тоа. Едноставно што и да направам ми изгледа толку мало. Заслужуваш ти многу повеќе.
Ми требаш. Без тебе денот не е ден, без тебе ноќта не е ноќ, сонот не е сон. Не би можела да поднесам да се разбудам наутро знаејќи дека те немам, не би можела да заспијам навечер мислејќи дека не си мој.
Со тебе сум слободна ко птица, со тебе сум она што навистина сум. (hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Nighty

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Го паметиш ли дождот онака како јас?
Да прошетам, за да случајно те сретнам, за да се насмевнеш низ капките дожд и да ме бакнеш уште еднаш.
Секогаш се враќаш.... секогаш кога помислувам дека конечно не си ми во мислите.... ме потсетуваш дека ми недостасуваш...