Се сеќавам како вчера да беше кога се запознавме. А помина точно една година. Не дека една година е долг период, ама па не издржавме ни 365 дена да зборуваме. Со тебе сè се случи така брзо, толку збунувачки. Сè уште не можам да поверувам дека пред една година бев најсреќна како никогаш досега, времево лета. А и штета што и двајцата сме глупави, па ова не успеа да потрае.