Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Како 15 годишњак не го испуштам телефонот од рака. Чекам да се јавиш, а сепак те нема. И дремам на фејсбук, како идиот, и покрај тоа што знам дека си на работа.
Те познавам толку добро што знам дека и ти чекаш повик од мене. И останува на тоа. На тврдоглавоста.
И се будам во сред ноќ, за да се завртам немо накај ѕидот, да погледам во празно и пак да ги затворам очите.
Ти... ми недостигаш како никогаш до сега. Не можам да не се запрашам што понатаму? Како понатаму? Дали остана нешто за понатаму?
Овој пат си згрешивме многу, јас станав хистерична, ти занеме. Зарем беше последен пат?
Колку пати се погазив за нас, колку пати преќутував. А знаеш дека јас не ќутам.
Јас живеев/живеам за нашата љубов. И ти кажуваше така, а сега помалку верувам.
Зарем беше последна ноќ заедно, последно поделено парче торта, последно кафе испиено?
Знаеш дека јас и ти сме еден за друг? Ме сакаш, знам.
Ако е ова крај, дозволи да го наречам нов почеток. Почеток на изнаоѓање на нов пат што не води еден кон друг.
Со среќа.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Се започна ко на шега. Можеби затоа толку траеше? дали тоа што ми се случуваше беше само еден сон? Зошто покрај сите неуспеси упорно неможам да кажам да тоа ми е грешката и треба да се поправам? Знам ништо не сум згрешил , а се чуствувам виновен и казнет. Некогаш се прашувам зошто токму јас ? Зошто дозволив да ме вратиш назад ? Ти подарив срце и љубов , а ти на се кажа збогум , не заради тоа што тврдеше дека други ќе не разделат туку затоа што ти сакаше така! Најлошото е што имав милион причини да те оставам , но жртвував се заради љубовта и вербата во тоа дека малку ме познаваш. колку бев наивен сега гледам и сум свесен! Затоа сум бесен сакам да заминам далеку и да незнаеш каде сум. Сакам.... незнам повеќе што сакам едноствно се загубив себе барајќи го невозможното некој барем на миг да ме сака мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Rosana

Староседелец
24 јуни 2012
267
499
1,063
ништо не сакам да ти кажам доволно ми е само да те видам! ми недостигаш :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: goodgod

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Те сакам бе и шо ми можеш? :D Стварно,чоече многу си ми убав ама 10000 пати ти го заборавив името.Ај можеби некој ќе ме потсети,нели не е битно? Знам и ти да ме видеш ќе се заљубеш у мене :* И да бе,вчера те сонував како се шетаме заедно,се лапаме онака страсно :giggle.Ако знаете некој што личи на овој местете ми го,јас ќе ги дадам парите за оглас донт вори. :D
tumblr_mdztc4bJuN1rabdtfo1_500_large.jpg
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Љубов моја, низ болката од сегашноста ја чувам нашата радост од минатото. Сама ја чувам. Бдеам над неа како што се бдее над запалена свеќа. Ја чувам да не изгасне, ја расплинувам полевајќи ја со солзи и без глас те довикувам. Толку многу ми недостасуваш.
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Сакам да ти кажам дека многуу ми фалиш и дека многуу те сакам и дека се би дала да те видаммм..иии незнам,, :place дека како одам понатаму така се повеќе повеќе сваќам колку беше посебен и прекрасенн...
И лута сум му на животов што мене баш ми се случува овааа :place
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rosana

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
требаше да те задржам тогаш кога ми падна пред Телеком.
Изглеа тоаш не беше доволно VIP. :giggle

По некоја случајност пред некој ден ми падна стариот телефон во рака. Љубопитноста ме совлада да ги видам оние сегменти текст што некогаш ти ги имам испраќано и добивано од тебе. Си се смешкам на својата наивност, прашувајќи се дали би ме прифатила да се појавев со сегашните сфаќања. Смешно е нели? Мислам дека сега би ти бил далеку поголем предизвик со мојата истрајност на разумен човек, лик на кого немаше да пишува едно „будала“ на неговото чело. Или можеби би ти бил само еден странец кој никогаш не би те сфатил како се чувствуваше кога беше сама. Но нејсе. Времето поминува, се смени и ти, стана помудра од порано. И тоа е она што не може да се запре. И несакам да се врати.