Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не знам зашто пишувам во тема насловена љубовна исповедувачница, ама веројатно најсоодветно е тука.
Почнуваш да ме нервираш веќе.
Таман те снема, мислам си се опаметил и си се откачил, ти ми никнуваш од нигде сред улица и ме влечеш за ракав ко циганче што бара 5 денари. Па, 23 годишен си бре, не си малолетен па да се глупираш така.
Јас сфаќам дека против чувства не се оди, ама под овие околности, треба малку да си ја проклатиш таа лејката или барем остај го девојчето, не ја лажи така, не и’ симнувај светови, не е фер спрема неа! Не, не, твоиве не се ни чувства, твоево е алчност, ти се може бе, ти се сака, ти здосадило, па ај ќе си правиме екскурзии. Пф, да бев само јас “саканата“, туку те знам како дишеш. Ај ќе пробаме со неколку, па која е доволно будала да наседне и да се деградира себе, ќе се нафати. Идиотикус.
Што трескаш човеку? Не сакам да се добива погрешен впечаток, па дури да ме додава девојчето секаде и да гледа глупости и слики направени години пред воопшто да се запознаете. Да, затоа избришав профил. Не, несакам да ми се јавиш.
Уште помалку сакам пак да бидам втора опција. Види види ти што си бил мушкарчина ипол. Браво.
Јас не сум ти од МИК Св.Николе, па ем да летам, ем да се јадам. Не паѓам одамна на такви финти и квази машкост.
Зошто, за жал, или за среќа, сум била и на нејзино место и знам, а и не ми требаат додатни, беспотребни нервози.
Опамети се. Смешни и патетични ти се сите изговори, а во истите нема ни М од машко, може само М како мудоња.
Пријатно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and slb_bobo

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Ќе употребам стихови за да ти го кажам ова:

дали ќе ме памтиш, незнам
дали ќе те памтам, или се ќе отиде у канта
со благослов те пуштам во нови искуства
со митот за тебе летнаа и моите чувства.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Знам дека те скршив и дека поради мене помина низ се и сешто. А јас? Мене кој ме прашува? Те скршив бидејќи јас самата се кршев одвнатре. Едноставно не можев да ти кажам се. Не можев. Премногу кратко се познававме за да ги знаеш тие работи. Лажев, не велам не. Но те лажев за да те заштитам. Не мора да го поминуваш она што јас го поминав. Синоќа ти објаснив убаво. И не ти кажав се за мајка ми. Не сакам да те изгубам. Не би го поднела тоа. После години и години темнина ти си првата светла точка во мојот живот. Ми покажа како да сакам, како да се сменам и како да станам подобар човек. Не сум едноставна. Мене никој не ме разбира, освен листовите хартија. Тие најдобро ме разбираат. И ти. Ме читаш како првоодделенски буквар. Ти реков дека ќе се сменам, и се менувам. Не сум истата што бев, иако никој не го забележува тоа. Никој не сака да се потруди и да погледне подлабоко од површината. Не е се како што изгледа. Никогаш не е така кога се работи за мене. Незнам веќе како да ти објаснам. Не знам како да се искажам. И не, не сум оверли атачд, па колку и да звучеше ’атачовски’ она што ти го кажав синоќа. Светот не се врти само околу тебе. За мене, мојот свет се врти околу мене. Ти си до мене, ти не се вртиш. Една константа што не ја менува положбата во која се наоѓа се додека не му влијае некоја надворешна сила. Ете. Толку е едноставно. Ах, да.. И во врска со она што ти го реков за довербата... Не ти кажав дека таа кочница полека ја отпушташ, занм дека никогаш нема да ми веруваш. И да. Боли. Но бадијала ќе биде се - и времето, и чувствата, нервозите, бакнежите, заедничките ноќи - ако не се потрудиме и не направиме ова да успее. Едно е кога се труди само еден, друго е кога двајца работат на случајот.Јас се трудам да поправам се, но нема да ти бдам роб. Нема да ти се молам, барем не веќе... Затоа почекај уште малку... Ако повеќе не сакаш да бидеме заедно, ако не оди, нешто најмалку што можеме да станеме е да бидеме пријатели. Од мене толку. Од тебе, не знам...
На крај краишта, не си ни единствен на светов... Ги има уште неколку билиони...
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Глуп, ти уживај си, а јас заради тебе и ден денес ќе неам муабет со некого. (bravo)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
од срце
couple%252Chug%252Cbw%252Clove%252Cb%252Cw%252Cembrace-6c0fc32a481b20f79e4357410b97a3de_h.jpg
4FUN
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Хм...да ВИ кажам, оти истиве реченици важат за двајцата, но во различен контекст, секој ќе си го сфати својот.
Уствари па и не знам колку е различен...нема везе, кој како сфати.

Драги мои, ова ќе го сфатите ко нарцисизам од моја страна, ама јас не сум ви женска особа на која и треба машко, туку обратно, женска особа која им треба на машките.
Јас знам сама да си се снаоѓам со сите обврски, машки и женски. Од мала сум научила без машки и вие не сте исклучок.
Знам, сега ова ќе го сфатите ко оваа се прави “згодна, плодна и неопходна лавица“ и токму затоа не функционираме, бидејќи потребно е длабински да ме познавате за да ги сфатите моите испревртености, а иронично, никој досега не се потрудил да погледне толку длабоко, па за жал ги знаете само моите лоши страни...барем оние што ги сметате лоши зошто не сте ги погледнале на друг начин. Се плашевте ли, не знам...но ве предупредив уште на почетокот, ваш беше ризикот кој го презедовте, па од некои ваши причини, не го изигравте до крај. Е, така лесно не се отвараат школки и не се наоѓа богатство т.е. убавината на душата, ако е полесно. И жал ми е, оти навистина немам лоша душа и секогаш го сакам најдоброто за секого, иако на моменти звучи гадно, егоистично и нелогично.
Што и да правам, ми се лутите, а сепак ни самите не сте свесни колку ме сакате. (hug)
(Не мора секогаш во позитивна конотација да е сакањево)

Ама формално звучам да с`ибам векот. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty