Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Јас немам ништо повеќе од себеси
само срце кое чука вистински
сосем доволно да те вознемири и уплаши.

 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Здраво,

пак јас. Можеби е смешно, патетично, чудно и уште што не... но морам да ти го напишам ова. Едноставно морам. Добро ја знаеш нашата приказна, знаеш каде, како и зошто прекинав се. Паметиш? Се сеќаваш ли кога ти реков дека ќе се вратам за недела дена, можеби и две? Се сеќаваш ли низ што поминував тогаш? Се сеќаваш како отиде кај друга?

Добро. Сега веќе можам да ти го кажам она што порано не можев да го искажам со зборови.
Никогаш не сум се врзувала за некој, никогаш не сум мислела постојано на некој, сум плачела за машко, но за никој како тебе. Сум правела секакви глупости и за нив се каам и ден денес. Но од сите тие глупости извлеков поука и се опаметив. не сум веќе истата. Не мислам само на надворешниот изглед... Се смирив... Не сум она што бев... Знаеш што? Се сменив поради тебе, а ќе продолжам да се менувам бидејќи ме правиш подобра.

Се сеќаваш на онаа студена ноќ кога првпат ти кажав? Липав неутешно во твојата прегратка, ти ме смируваше... Падна ѕвезда... Ми рече да замислам желба, дека ќе ми се оствари... Дај боже да се оствари. Секогаш кога паѓа ѕвезда, на секој мој роденден пред да ги дувнам свеќите, секоја ноќ пред спиење посакувам да ми се исполни истата желба. Ама не ти кажувам што е, иако мислам дека веќе насетуваш.

Хмм... што уште остана да ти кажам...?
Ах да, за малку ќе заборавев.
Гајле ти е бе! Гајле ти е! Што ако си доаѓаш само за викенди? Што ако заради тебе морам да ги слушам серенадите од твоите цимери во Пелагонија во 2 часот по полноќ? Мене не ми смета. И едвај чекам да дојде четврток и петок и сабота... За да ти помогнам со цртежите де... И да ми го дадеш пакетчето "Haribo" срценца што ми го должиш од кога се кладевме за моторите.

Толку сега за сега, може утре ќе ми текне уште нешто.

Те сакам,
Foxy

П.С. Јас никогаш и не престанав да те сакам. Не верувам дека некогаш ќе престанам. Хах човече... која патетика... Си ветив дека нема да пишувам вакви емотивни срања, но... МИ ФАЛИШ БЕ ДЕБЕЛ! И ај доаѓај си... Ќе почне колоквиумска после ич нема да можам да те видам... Ај со здравје сега (И да не заборавиш да ми ја купиш макетата од Aprillia од Веро )... Бакнежи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and Марија

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Сакам да ти кажам колку повеќе те гледам толку се заљубувам..ама пак си дебил и ќе останиш дебил. ХОХО
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Многу сакам да ме побараш и да се вратиш назад. А сигурна сум дека тоа нема да се случи.
И веројатно подобро, зошто и бездруго ништо нема да е исто како некогаш.
Ниту приказната ќе е така волшебна, ниту јас ќе сум онаа старата. Онаа што безрезервно ти веруваше, се ти простуваше, онаа што ти го подаруваше своетo време и внимание, онаа што те опсипуваше со нежности...
Ах колку ме болиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy