Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Случајно или не,не намерно....секогаш кога најмногу ми требаш те нема.
Можеби пречето најмногу ми требаш,којзнае.
Многу нешта недостасуваат,слободно ке кажам премногу,и нема да згрешам.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Се криеш ама не знам од кого,од мене сигурно не,можеби се плашиш од себеси.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
и мене еден ми се крие а што им е ...мислат дека тоа е некој нормален и ефективен начин на комуникација и на решавање на проблемите...па некои луѓе иако се календарски возрасни со умот закочиле далеку далеку во основно и се понашаат баш така како основци....ееее ама така не се гради семејство и не се гледаат деца на тој начин...морав ова да си го изнесам од душата :)
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Само што мислев дека се решив од тебе, ми се јавуваш по телефон и ми помеша се. Е алал да ти е .. немам што друго да кажам .. освен фала ти. Ме врати пак таму кај што бев пред некое време, на тоа место кај што не сакав да бидам, али ете, успеа. Незнам зошто, само тоа сакам да ми кажеш .. зошто ме врати таму кај што не сакам да бидам ? Зошто ?
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Сакам повторно да се смееш за мене.
Сакам да сум причина за твојата насмевка.
Сакам да ти крадам бакнежи додека ме чуваш во прегратка.
Сакам да ме држиш за рака и да не ти здосади никогаш - баш како што вети.
А ти реков дека никогаш и засекогаш се премногу силни зборови и дека се се менува од денес за утре... и еве се смени.
Сама сум, без тебе.
И боли, знаеш дека боли, а си сосема рамнодушен - само поради тоа, од инает, од твој инает сум толку силна и се борам и се смеам.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Знаеш, егото ми е на колена веднаш откако погледите ќе ни се сретнат. Ме прашуваш зошто молчам... Но нема одговор. Никогаш и ќе нема. Не сакам да бидам повреден од нешто кое го ценам вон секаква конкуренција. Прекрасна си дури и кога не сме заедно. Ги трошам мислите на сеќавања кои можеби за тебе се само миг од минатото. А можеби и не. Не знам. А и ми се допаѓа тоа што не знам. Чувство дека сум само обичен смртник. Со други зборови, разумот ми отиде низбрдо. Повторно.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
"...I hate the way you talk to me, and the way you cut your hair. I hate the way you drive my car. I hate it when you stare. I hate your big dumb combat boots, and the way you read my mind. I hate you so much it makes me sick; it even makes me rhyme. I hate it, I hate the way you're always right. I hate it when you lie. I hate it when you make me laugh, even worse when you make me cry. I hate it when you're not around, and the fact that you didn't call. But mostly I hate the way I don't hate you. Not even close, not even a little bit, not even at all..."
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112 and Марија