Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Текстов е превземен, ама исто како јас да сум го пишувал, она кога ќе се пронајдеш (brokenheart)

Шмекер, женкар, простак ме нарекуваа со години.. А јас бев само повреден длабоко во мене и никој не можеше тоа да го види. Не сум знаел да сакам, дечко за провод, лош, наркоман, и што уште не слушнав за мене после неа. Таа ме научи што е љубов, ме научи што значи да бидам среќен, ме научи да бидам прав маж со гордо исправена глава да ја кажувам жената што ја сакам, ме научи да сакам безусловно, да живеам за една жена, ме научи што значи да боли па си замина како ништо да не било. Сите мислеа дека ја заборавив, дека после се што поминавме заедно продолжив да бидам среќен. Секоја ноќ проклето ми фалеше, ми фалеа нејзините мани, инатот, тврдоглавоста, ми фалеше да бидам среќен додека ја гледам како се лути, а потоа се смее. Јас сум крив, крив сум за се што и направив да се откаже од мене. Крив сум што секој пат претерував. Сега каде и да излезам, среќен ме гледаат сите, а не знаат кој хаос ми се случува во душава. Ја гледам блеска. Ме заборавила, а јас со месеци се мачам да заборавам дел од нејзе па кога ќе ја видам и ќе се насмее се ми пропаѓа во вода. Машко сум и доста се лажете дека не ве боли за ништо. Сите имате една таква која ви ги наплатила сите што сте ги заебале. Сите имате една поради која пиете, и се гушите во дим. Сите имате една што секоја песна ве потсетува на нејзе. Една што секогаш кога ќе пробате да бидете среќни тоа ви го вади низ нос. Жена како жена, ќе направи се за никогаш да не ја заборавиш. Еве ме сега после неколку месеци, ја гледам на нашето место. Кукла. Не е сменета воопшто, сеуште ја поседува најубавата насмевка со која ме заведе. Поминува покрај мене и тој поглед со зелените очи директно во мојте ме сече на пола. Останувам сам, ноќта долга.. Две кутии испушени цигари, ко божем ќе ме смират. Тие уште толку потешко ми прават.. Ја гледам некаде низ димот како стои и баш ја боли за се. Што толку ти згрешив господе вака да ми правиш..? И кажете пак за мене дека сум женкар, простак, ѓубре. Маж станува таков само кога една жена ќе влезе во неговиот живот. Ќе го скрши и ќе си отиде како никогаш да не била.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Сеуште живееш во мојот молк,
помеѓу трепнувањата и секое запирање на здивот.
Никој не знае, дури ни ти.
Никогаш не би забележал дека сеуште те чувам во себе..
Тоа се местата каде луѓето најчесто ја кријат својата љубов,
бидејќи никој не би помислил дека позади рамнодушноста љубовта може да се сокрие.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се прашувам каков вкус има твојот бакнеж...
-Колку долго се прашуваш?
Долго.
Еднаш те погледнав низ една празна рамка од слика и ти ми се насмеа,
така убаво, што посакав да станам и да те бакнам.
Но се сетив дека не ми припаѓаш па се сепнав како будејќи се од сонот..

Ми рече..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Закрпи од фрази невешто ги покриваат пропуштените рабови на комуникацијата..
Прашањата не играат никаква улога кога не можат да бидат одговорени,
Ќе сфатиш тогаш кога нема да најдеш одговор,
тогаш кога тишината ќе биде најгласен крик кој нема со кого да го споделиш. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lizbeth and Beauty&Beast

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Сега слушни ме, сакам без трошка срам да ти докажам колку очајно.. си ми потребен! Да ме прегрнеш машки, заштитнички.. Да ме свиеш во тебе ко во ангелски крилја и така да ме заспиеш.. Да останеш до мене.. Тоа го сакам. Сега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lizbeth

Priroden

Староседелец
4 октомври 2012
140
95
1,038
Не си пиелa бехерoвкa пoшo ментoл и рaзните вкусoви прaеле дa ти е непријaтнo нa грлo
хмммм кaкo ли дa ти биде пријaтнo хммммм
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
После сите таги, раздадени делови од мене на погрешни души останав сениште..
Ти ме погледна, можеби изгледав како предизик,
како ли е да се љуби некој кој изгубил се..
Сакав да поверувам дека можеби тоа ќе бидеш ти,
но кој сака да биде вљубен
во некој кој толку наивно дал се,
а за возврат не добил ништо?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Lizbeth