Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lizbeth

Истакнат Член
25 јуни 2016
130
188
143
Знаеш, полека но сигурно чекориш кон прагот на мојата толеранција. Цело време се обидувам да останам смирена и да го поднесам секој твој удар и да го претворам во нешто убаво. Не можам повеќе, ме измори. Сфаќам дека сите овие години живеев во заблуда дека си тоа што ми треба, а секој ден ми го докажуваш спротивното. Да имаше малку совест и грам грижа можеби ќе знаеше што имаш покрај себе, но полека сѐ губиш. Кога повредуваш научи еднаш да се извиниш, не боли. Гордоста тргни си ја на страна, те влече надоле. Жалам само што дозволив сите овие години да пропаѓам мислејќи дека не заслужувам подобро од тебе, ти така ме научи.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Мислам дека никогаш не би ме оставил, ако барем еднаш ме погледнеше во очи.
Никогаш не би заминал.
Во очите ќе го видеше она се што поминавме.
Во мене ќе видеше уметник што беспрекорно си ја црта насмевката секое утро, а секоја ноќ заспива без тебе со насолзени очи.
Во очиве ќе видеше сјај за тебе.
Ќе видеше дека совеста ќе те гризе цел живот, ако ме оставиш.
А мислам и затоа го избегна погледот.
Да погледнеше барем еднаш, не би заминал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Се предадов на твоите мирни времиња и се судирав со твоите бури, надминував ветришта... за на крајот, да ме оттурнеш на брегот.
Ме привлече твојата светлина и ме маѓепса твојата темнина, но не знаев дека носиш толку тајни и толку непознати работи.
Само посакував да те почувствувам на мојата кожа и да се обидам да откријам што се крие во твојата внатрешност.
Не ни претпоставував дека привлекуваш луѓе само за силно да ги удавиш или оттргнеш подалеку од тебе.
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Премногу чувства за изгубена љубов,помалку но искрени намери за пријателство,а никакви чувства за нов почеток!:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nikita and Beauty&Beast